Се вика screen protector и цената му варира зависно дали е за таблет или за мобилен телефон. За телефони во принцип е поевтино, но си зависи од телефонот. За таблетот скрин протекторот ме чинеше 600 ден. додека за телефонот 250 ден.
PussyHunter кај те одраа волку баш ме интересира? Јас за таблет си земав од оној сервисот за мобилни кај рамстор што е, кај автобуската на 50 и 57. Не ми текнува како се викаше сервиот, мислам алфа мобил. Инаку некоја бараше обична бела рамбовка, ама подолга и заоблена да е доле, малку подолга назад. Имате иста ваква за 100 денари на Бершка е, во евро азија, ама тоа во сити галери. И има мал патент, сребрен кај деколтето напред. Имаше во повеќе бои.
Јас најчесто проsирните кошули ги носам со прслук кој е наменет за корсети кога се носи. Еве вака изгледаат и во било која продавница за долна облека да кажеш дека ти е за под корсет, ќе ти го препорачат ова. Како што приметуваш прерамките не се на средина како кај сите прслуци туку од крај се. Супер стојат
Знае ли некој кај можам да најдам ваков метален каиш сив http://img718.imageshack.us/img718/2163/img3233b.jpg
Девојки дали имате видено некаде низ Скопјево ваков модел на фустанче (како на сликата) ?! Ми треба за на свадба за следната недела, само да не биде многу скапо.. Ист ваков модел видов во Дака, само материјалот не ми е некако за на свадба...
Ако ти се оди до Шутка, сите плик ташни се 200 денари. И да, многу убави модели има Eдит: Дали знаете каде има убави МАШКИ сакоа, по пристапна цена?
Девојки, сандалкиве дали ги имате видено по продавнициве и колку пари се? Ги гледав на едно место пред една недела беа 2000, сега на 2400 ги качиле...па да не варира од продавница до продавница... има во оваа боја, тегет, црно и црвено. Било која боја
Ги видов во Спас Комерц мислам дека 2300 беа (ама баш оваа боја мислам дека ја немаше, ама можеш да им се јавиш и да прашаш) и во Чаршија ги имаше во таа продавницата во близина на Пеко (Лена Мак мислам се вика) и таму беа 2200 или 2300.. А цените им варираат за 100-200 ден. зависи од продавница до продавница кај што држат на Биана Шус. Инаку се мн убавиии