RodiMood во ГТЦ, во редот каде што беше Египет му доаѓа некако, гледа накај жена парк. Ги гледав пред некој ден, мислам дека беа 350. Може на друго место има поефтина верзија На пазарче има по 100 денари од оние најобични бели маички, да не речам како за на физичко
Каде можам да најдам тесно фустанче со кратки ракавчиња до 800 ден. еве да речеме. Гледав на сајтот на Бершка, ама па 1000 за најобично не ми се даваат. Не мора да биде црно, сликава е само за стилот.
Некој да не знае каде се продаваат вакво или вавко фустанче ( нека ми извини девојката која го постирала ова ама одамна барам и јас вакво )
Второто црно е од asos http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Mini-Body ... &clr=Black А со отворен грб нешто вака слично на фустанот од погоре http://www.asos.com/ASOS-Petite/ASOS-PE ... &clr=Black http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Mini-Slee ... &clr=Black
H&M по 10 евра,а можеш и да го порачаш од овие што ги има по фсбоок ,мислам дека 15тина евра би излегло да ти го донесат
Вери,(иако постов го видов сега)кога веќе зборуваме за Лила,нејзините фустани што ги носи и се тотално од ЕЛ(Елена Лука)Ептен ги обожавам,и стварно можат да ти сошијат чудо од фустани Ако веќе сакате да шиете отидете таму,не се нешто баш скапи А за Нана,веќе пратам Лото,Марјана Станојковска вели дека она е облечена од Нана,сепак Елена Лука,Си е Елена Лука Поздравчее **<3<3<3<3
Здраво, дали знаете да ми кажете каде во Ск можам да си најдам кафеави или крем боја салонки цената да биде до 1500 ден? Благодарам
@SparkyAngel лесно е ова: Биана, Адесо Тренд, Шантел, Аванти, само прошетај го трговски и ќе најдеш одма. За кафеави не сум сигурна, а за кремасти имаш различна висина и модел.
Не се баш скапи? Еднаш влегов колку да видам што фустани има, и за еден најобичен, црн, краток, со чипка, ми кажа цена 27.000. Жената итекако си се преценува, мене ниеден фустан не ми фатил око од неа, сите и се чудни и никакви, освен овој Лила што го носеше : Spoiler Запазете и ги цените на онлајн продавницата, мислам... http://e-shop.fashionel.mk/
Ashling, макси црн фустан видов во Страдивариус пред некој ден, 1500 денари беше. Има и зелена/минт боја од истиот.
од уникат (битола) може да ти пратат 2 пара ако не си сигурна за големината, а доколку е македонско производство можеш и бојата да си ја нарачаш по желба прашај ги поточно што и како околу испораката