Барам вакви ташни, да не се стандард плик туку подебели и со остри рабови, како овие на сликата. Бојата најмногу ми одговара да е крем со златни метални рамки. Веќе разгледував, и не планирам да дадам повеќе од 1000 денари за ова, а тие што досега ги видов во Зара, Аксесорајз и сличните се страва цени, над 2000 денари.. Ќе ги замолам сите добри души да пишат тука или по ЛП и да и` помогнат на една матурантка да си го комплетира изгледот.
Прашав во темата за прстени,ама гледам не е баш активна,па ќе прашам и тука. Каде можам да најдам некои поедноставни прстенчиња(за бижутерија зборам),не некои огромни,златни.Како овие на пример: Spoiler Ми викаат на Бит Пазар ама таму секогаш наоѓам огромни,теткински,шарени,светликави прстени.
Може да се најде , не знам дали ја си забележала еден држи 2 тезги едната е цела со лакови , четки за нокти разни , сунгерчиња , додатоци , украси за нокти ,гелови , а едната е за шминки такви раб. , тој има и страна или на фб или онака не знам имав визит картичка , има тој ни даде , ама не знам кај ја ставив , ако не ти текнува за која тезга зборам пиши ми ЛП ке пробам да ти објаснам
Лара да не мислиш на Бит пазар(според описот, мислам дека за човекот од Бит пазар збориш, sorry ако сум грешка )? Иначе на Зелен пазар не верувам да најдеш
Дали некој видел некаде вакви,салонки оваа боја ? Неможам никаде да најдам ,освен кај рампа Кисела Вода ама таму немаше број 36
Има иста боја јас пробував во tally weijl, но не се антилоп него како кожни , мислам дека беа 2090ден
знам ги видов тие еве ги ама не се баш таа боја ,овие се плави.. некој друг ако видел било каде нека ми пише лп ми требаат за матура
^ Фустанчево е од Бершка и јас колку што видов го има само на розеви и бело со црни линии, и е 1000 денари мислам дека.