Каде можам да најдам ваква боја на ташничка ,плик или било каква помала ? Дали некој бил накај шутка има ли таму избор или да не одам ?
Девојки да не знаете каде во Скопје можам да најдам маичка со знакот од супермен Не е битно каква битно да го имам знакот да супермен Фала однапред
Ве молам ако некоја знае каде може да се најдат балетанки од оние што се за играње, нека ми пише ЛП. Не знам како се викаат, ама еве слики на какви мислам
Имаш во чаршија сигурно. А можеш и да најдеш во некоја продавница за чевли за постари луѓе што се, кондури и слично.
Во Аеродром,на автобуската карши Бисер.Има едно продавниче каде што печатат маици,и има ваква иста со Супермен(мислам,јас ја гледав пред 2 недели,би требало уште да ја има)
Мене пред години и години кога ми требаа вакви, мајка ми ми најде само на пазар, на ниту едно друго место со обувки немаше. Отиди до било кој пазар, прошетај и прашај низ тезгите, би требало да имаат.
Не ми текнува точно колку беа тогаш, ама над 500 денари не верувам дека се. Сега ти кажувам бројка на грубо, ама плус - минус, толку се отприлика.
Во Гари оние кинеските продавници има за 250 ден. Јас си купив , си реков парите ионака ќе ги потрошам барем еднаш ќе ги облечам иии изненадена бев колку се комфорни ( а и не земаат миризба ) ..
Сандалки со полна потпетицана крем боја или друга неутрална ( да не речам плута ) ама да не се екстремно висока . Бев Кисела Вода кај рампа сите им се со ептен високи потпетици освен ако не ми избегал од вид некој пар. И нормално да не бидат скапи пример под 1000