Има во таа продавничката на Турска чаршија. Нема шанси да ја утнеш, цела е со ташни и пликчиња. Баш ваков плик си купив, 400 ден.
Во Haan.gar и во Чаршија имало некоја продавница со доста избор на балетанки по 300-400 денари. Провери, јас не сум ги видела, ама гледам 2-3 другарки си купиле и задоволни се.
Каде може да најдам женски маици со така некој интересни натписи или слики на пример ко слика од че гевара или боб марли? Кога бев во парк кога беше ден на боб марли имаше многу девојчиња со интересни маички
Мислам дека има во Еко, но не сум сигурна. Во секој случај, можеш слободно да си однесеш обична маичка и да ти испечатат на неа што сакаш. Знам дека на почетокот на Зелено Пазарче печатат, во едно дуќанче на влезот, нешто за клучеви мислам дека е, таму можеш да си прашаш.
Ке проверам во еко, а знам за тоа на зелено пазарце само скапо ми е, за 5 букви и земаа на другарка 400 денари ( на нивна маица)
Шаренко фустанче, да не е секојдневно и просто, ама за преку ден, лесно да паѓа надоле и да е над колена, а не до под гз или под колена, а да не биде широко ни многу струкирано онака, на прерамки, со карнерчиња, да не е поскапо од 800 ден.?
Знам дека не ми е баш прашањево за тука, али ми се виде најсоодветна тема. Дали знаете дали во Македонијава има Полароид? Значи апарат(без разлика дали е дигитален или на филм) што одма автоматски ми ги вади сликите.