Во Битола видов вакви пред скоро недела дена. Не знам како беше името на бутикот, ама еден од првите во чаршијата
Навистина!? Какви се моделите, такви полелеави и поширочки или? И што боички има, ако можеш да ми кажеш? Цаци, ај да напаѓаме, м !?
Јас купив макси сукња од Пренди пред некое време, ама беше 320 денари, имаше црни и бели. Широчки се и како со карнерчиња ептен се убави, сите ми ја пофалија сега дали ги има уште истите ова многу ефтино 160 денари , сигурна ли е ценава? пошто за 160 денари освен некои обични блузички друго ништо не може да се најде.. А мислам дека истата роба ја има скоро во сите Пренди
Прашав во темата за Catherine Arley , но не добив одговор па да прашам и тука , дали знаете што е со тушот , дали го нема повеќе или јас не сум побарала на вистинското место.. има ли во тие парфимерии на Голден Роуз ,не сум од Скопје и не ми текнало да поминам , ако некој знае за сигурно дали го има таму или каде го има , за да не одам за џабе до таму
Имаше бела со тегет на риги ,памучни и сина и црвена како од свила (anabella мислам дека еднаш имаше постирано во Модни Критики комбинација со таква сина со црна ластика) И, побрзајте оти имаше уште една сина, една црвена и две на риги останато.
ее, девојки да ви кажам во кисела вода има продавница top fashion, се е по 220. има убави работи, ако ви е натаму патот, одете, видете, стварно има ептен некои блузички, така.. јас си купив ac dc дуксер 220, а во трговски е 800. поздрав
Кај рампата точно, каде што беше порано кинеска продавница, па Аванти и сега е ова, голема е сигурно ќе ја приметиш. Мислам дека не грешам, за истата продавница збориме.
Некаде вакви блузички (битно е во долниот дел да се пошироки)? Ги има на страните на Манго и Бершка, но во продавниците не ги забележав. И вакви панталони?