a i zaboraviv,od tie koshulite sega sto se nosat,kako prodzirni sto se, kade ima? ne e bitno kakva boja
Не низ ГТЦ туку кај Рампа во центар во портокаловата зграда карши Фиком имаш продавница кајшто има преубави кратки панталончиња, карирани на сино, сиво, зелено..... 200 денари Кажете ми дали знаете каде има шарени шалвари, нешто вакво барам:
Па тие во сите бутици можеш да ги најдеш. Па затоа, ако имаш време појди по бутиците и прошетај, сигурна сум ќе најдеш.
Јас си купив од таа продавницата што e на почеток на бит пазар се по 200 денари што е има многу убави црно бели, зебрести, моите се со цветчиња и многу се пријатни за носење
Каде во Скопје има асиметрични фустани? Да знам да не лутам, да одам директно кај што има, бидејќи ми треба итно за свадба, а немам време за шеткарање. И цена.
Во Боди лајн имаше пред недела дена за извоз асиметрични и сукњи и фустани. Би требало да има уште после матуриве и апсолвентските Цените беа околу 1000/1500
Викендов сум за Скопје, па малце хелп феминки за 2-3 стварчиња .. Kaj да најдам вакви фармерки со висок струк, да бидат скроз тесни и во темна боја ? Kорсетчиња така полетни, какви што има низ Бершка, само по нормална цена се надевам, 500ден на пример ? И плико ташна ? .. пс. малце офф топик - колку одење има до Сити галери и Шутка од автобуска ?
дали некоја од вас знае каде можам да најдам костим за капење од овој тип: http://www.forluna.co.uk/images/product ... _large.jpg , http://productshots2.modcloth.com/produ ... e6d14b.jpg , http://thumbs2.ebaystatic.com/d/l225/m/ ... WV2AaA.jpg ? ако знаете на нет каде може да се купат или во странство,не е проблем,кажете...ама јас искрено се надевам дека и во државичкава наша има некаде.
во сара фешн во новата колекција костуми за капење 2013(Тамара) видов таков модел.Боја: Црвена, Црна, Циклама, Тегет
Види и во Матекс (на Рампа во Кисела Вода ,спроти Певекс) ,јас пред една недела ги гледав ,имаше во повеќе бои .За цена не ми текнува ,ама сигурно не се над 1000 денари .
Има една преубава продавница до Читалната во трговски, најгоре на почеток ако идеш од плоштад. Мислам дека би требало да има асиметрични фустани
имате видено некаде низ скопје фармерки ама темно црвени,како овие што се на девојката и овие на сликава подоле (петите) ? и да се докај 1000ка зашто само за еднаш ми се,не би ги носела стално и не ми се фрлаат многу пари.