Да ве прашам тоа стегачите за коса, со метален дел каде што се протнува косата и изгледа како алка. Ме сфаќате де, ги има и на Али експрес,претежно ги има златни. Е такво, каде да најдам?
девојки каде да барам марамил, шамија за на плажа..знаете на што мислам..каде може да најдам Ве молам ако некој знае да ми каже. благодарам
Мислам дека кај нас ги нема , има во H&M , инаку за кај нас некој како да ми беше спомнал за Accessorize , ама да не те излажам пошто лично не сум проверила .
Сакаш сребрени? Кај нас тешко дека ќе најдеш, не за друго и мене ми се свијаат ќе ми паднеле во очи ако имало по бежутерииве, ги имаше на Асос, па на али нормално после одма копии слични, малтене исти. И јас сакам сребрено, и мислам дека имам најдено такво. Ма да не се нешто ефитни, одкај 2-3 долари се, што за стегач ми е малку И да има кај нас, не верувам да се поефтини од али, не верувам, зашто од таму и ги зимаат...
^^^^^ Јас имам порачано од Али такви метални стегачи, и златен и сребрен имам, пошто не можев да се одлучам кој ми е поубав Убави се стварно, јас ги земав по 2 и нешто долари, и ги имам одамна. Не ми се ни поцрнети, ни ништо. Барав и јас кај нас пред да си купам и нигде немаше ни приближно нешто слично. Најубаво порачај си од нет, џабе ќе бараш низ нашиве бижутерии, не верувам да има некаде, а и да има, сигурно би биле вртоглава цена
http://www.bershka.com/webapp/wcs/store ... lastic/302 еве го на страната на Bershka ама не знам дали го има, бев баш денес,ама не ги погледнав тие тракатанци
Kaде да најдам за да си купам некое летно - ефтинко фустанче онакви за на плажа за во лето за по дома... ? Нешто вака http://image.made-in-china.com/2f0j00uZ ... -Dress.jpg или http://1.bp.blogspot.com/-SH-xDfeE0C8/U ... jersey.png Или нешто како на сликата тоа за над купачи како подолга марама ?!
Каде да најдам вакви панталони? Панталона-сукња ли му доаѓа порано имаше во мана ( сликата од таму е ) ама сега веќе ги нема