Вакви пократки тексас јакничиња и по која цена? Гледав во Теранова ама се големи броеви имаше останато...
Има ли во Џамбо од шивачкото метро за мерење на обем? Или друго место каде би можела да најдам таква работа...
Во врска со тексас јакниве,баш такви моделчиња имаш во Бершка во Сити мол.За Страдивариус не сум многу сигурна.1000 и нешто коштат,сигурно,не се сеќавам точно.... Ипанема сандали имаш и во Веро центар на штанд... И проспорт лукас.
Дечки ми треба многу помош од вас. Значи одам на далечен пат, и за човек ко мене што главата ќе си ја изгуби ми е потребна добра организација. Поточно не можам да најдам онакво чантиче/куферче колку женска ташна големо одприлика, со многу прегради каде ќе можам да ги ставам шминките и козметиката, па и накитот. Лани летото видов во Џамбо едно баш какво што барам со триста прегради и мрежички, и последно беше ама не го купив и сега нема, таму има само обични несесери. Секоја помош ми е добредојдена, за два дена одам на пат и очајно ми треба такво. Отприлика: Може и некој поголем несесер, само со добра организација/прегради да е
Види на страната на страдивариус , има два модела едни со подебела штикла едни со потенка , од напред се исти како овие само што се во друга нијанса И ако знае некој каде би можела да најдам ваков акрилен лепак што кога ке залепиш нешти пример монистра светки , не се познава дека е лепено , кога ке се исуши е безбоен само дава цврстина , прочитав дека го користат највеќе уметниците , во Америка е познат како Mode podge и го користат многу блогерки што сами изработуваат накит, ташнички и други додатоци , нешто слично кај нас или идеја каде би можела да побарам ?
јас си купив од базаро мислам дека беше 220ден.ама може и поефтино да било..стварно не се сеќавам.. ама најубаво оди и види си зашто имаше и помали и поголеми..јас го земав помалото..
Вакви пиштолчиња има на битпазар, во тој делот каде што има железарија, лани го купив 100 денари (демек ми попуштија од 150, значи можеш да се поценкаш) чиста пластика е, ако ти е за од време на време да го користиш врши работа, ако ти е за нешто за што константно ќе го користиш тогаш ќе се расипе за брзо време, а исто имам и поголемо кое е поквалитетно, тоа околу 200-250 го земав ама од супермаркет, и се гледа дека е поквалитетен. Прачките силикон за малиот пиштол се околу 10 денари една, а за големиот околу 20. Имам видено и едни минијатурни пиштолчиња, е тие незнам колку пари се, со многу тенки и куси прачки силикон. Зависи за што ти треба, и малиот може да заврши работа, ако не го користиш секојдневно.
Вакви како овие проѕирни пантолончиња кај нас да не сте виделе?Во Скопје http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%B0%D0%B8 Итно ми е !!!
Каде можам да купам маички со суперхероите на Марвел (конкретно Captain America, Iron Man & Thor) Нешто вака: