Долги посвечени фустани, каде? Цената да не им е до небо, туку нормална. Никаде не можам да најдам. Мерси.
Гледав во фиори,1200 ден беа пред 2-3 недели Нагоре како тексас со патент,а надоле пуштен до доле. Имаше во повеќе бои. Има и други модели на долги фустани таму
Ај кажете стварно кај има траки за коса од оние памучни/ликра што се не е битно бојата било која и да е, зашто осеќам дека утре дома со точак ќе се вратам наместо со трака Цената не знам колку им е ама 100-200 поише за тоа не давам. Вака некоја спортска,мислам мене ми треба за да не ми паѓа косата додека вежбам.
^ Јас пред некое време земав од АБ копчар доле на приземје во трговски, не е памучна, ликра ќе да е, ама одлична е, врши работи. Во ширина е подебела од оваа на сликава твоја, имаш во различни бои, мислам дека по 80 денари беа, ма да ако ме држи добро сеќавањево имаше и во други величини.