пишав и многу ми страни и профили излегоа,барав во некои ама не најдов.. ај ако можеш линк да ми пратиш
Девојки, каде можам да најдам апаратче за маникир на струја/батерии? Онакво што има различни додатоци, турпии и слично? На ова мислам: Spoiler Се наоѓа ли во Супер Тинекс, Рамстор, Џамбо вакво нешто? И по можност не многу скапо. Прилично ми е итно
Имам видено во Рамстор мислам на Северин дека се апаратчињата. Провери во делот за бела техника и апарати за домаќинство а цената е околу 900 денари.
На Есенс козметика има, само не сум се заинтересирала да видам дали ги имаат кај нас. Можеш да провериш по локалните парфимери... Вака изгледа: Инаку, знае ли некој каде да најдам црни со златно кап тоу балетанки? Цената да е до 1000 денари. Некаде низ трговскиве, поточно низ чаршија и слично... Вакви:
ако ти е за обликот јас пред некој ден прашав на форумов и ми рекоа дека во Caliope и Аcessorize има,па баш утре ќе одам да видам
^ Во Преплет, од кај што водат и потекло сликиве, истите ги имаш. Оди во производи категорија, ќе ги најдеш, башка и не се скапи. http://www.preplet.mk/
Женски,дали има на попуст купаќи негде низ продавнициве? Или на пазар,сеедно Модели како тие на Марјана Станојковска на послената фотосесија што ги носи
Можеби не е прашањето за тука, но не најдов тема за фитнес опрема. Каде можам да најдам шипка за вежбање? И која цена се движат? права или ваква
Сега деновиве во теранова во СКопје Сити Мол има премногу попуст. Јас си купив повеќе работи например си купив кајш за 50 ден. , Блуза за 199ден. и други работи
затворено е Suite Blanco..и мислам дека не само кај нас туку и во други држави е затворено а за маските јас ја купив 100ден. мојата ама мене не ми се убави многу ми мирисаат на гума,а и кај што е отворот за полњач и слушалки почнува да ми се кине..али за 100ден не ни очекувам некој квалитет..исти се и гумените и тие пластичните така да која и да ја земеш исто ти се фаќа
https://www.facebook.com/qupeemk Еве страна за девојките што бараа портокалова чанта и со интересен принт, а може и другите ќе си најдат нешто по нивни вкус
^ И јас за истите ќе викав. Го носам веќе три години константно, ништо не му фали на градникот, алал да им се парите. Турско производство мислам дека е.