Каде можам да најдам обичен бел горен дел од купачи (или тегет со бело)? Цената да биде максимум 400 денари.
http://data.whicdn.com/images/67936087/large.jpg Каде можам да најдам вакви чизмички? Ама баш вакви! И дали годинава се во мода? Фала однапред.
За сите што бараа ваква чанта, има во Спрингфилд вакви модели, само различни бои. Цената е околу 1300 денари.
Тина, јас гледав вакви пред недела дена во World of Accessories во Сити Мол, и ми се чини дека и на попустче некое беа ставени.
Во Теранова ги има истите, ама за цена не гледав. Јас мислам дека ќе се носат уште, мене ми се многу убави. Не се замарај со мода, ако тебе ти се убави купи си ги.
мила во пенти во центар имаш 1390 прекрасни се убаво ги дигаат градите и се вадат прерамките преубаво стојат
Инаку, за девојките кои ме прашаа во врска со страната Qupee, немм уште купено ништо, но не верувам дека нешто може да те излажат, бидејќи производот го носат до дома и тогаш им исплаќаш пари. Можеби за облека не е сигурно, бидејќи секој си има различна форма, па мора да си проба претходно, али за другите работи ми изгледа ок.
Девојки ми треба така поитно, само горен дел купаќи и да не бидат од оние стандардни оди воооо голдеееен поиииинг има. Бев, за олкави сестри ко моиве, нема (не се де огромни, ама не се манекенски, незанемарливи),а и таа нивна ликра мене лично не ми прави ќејф, за цените страшно непристапни муабет да не праам,во Њу Јоркер не ми прават ќејф, пуш апи се тие што ми се допаѓаат, Пенти нема клод што ќе ми одговараа... Некаде алтернативно? Идеја? Енуан?! Хелп! По можност црни, ако не се црни клод ок е и да имаат туфни, линии што год, сеедно е (ама тоа ептен ако не најдам клод...).
Има ептен добри во Лиска ама цену није да занемарити. За клот црни може ќе најдеш и нешто поефтино, а сега имаат и некој попуст од 30%. Еј да, може да има и во Стружанка, и тие имаат добри купачи ама не знам со бројчиња како стојат.
А може со реси да е? Види во Сара фешн, сестра ми купи пред еден месец, посебно се продавале, по 300 и нешто денари, најобични еднобојни од оние што стојат и без прерамка, имаат и корпи ама им се вадат. Види и на зелено пазарче имаат такви модели само незнам дали им се продаваат посебно.
Девојки бил сега скоро некој во Дуки Дасо? Како се движат цените бидејки гледам на фб страната попуст имало,ама нез дали уште трае *потенцирале огранич количини, сакам ташна убава за се да ми собере да земам и ако ми остане плус нешто вишок за новчаник.
За Лиска ич не ми ни текна. Некако демоде модели ми правеа последниве неколку години и скроз ги изумив,а Пенти еднаш бев, ама ај утре во Сити мол ќе си ја пробам среќата.. Фала ви!