Не ми е за тука прашањево ама ајде. Како беше страната на кинеското Гари? Имаа страна на интернет со сите нивни производи.
Сликава е од Мана Фешн, така што таму сигурно ја има кошулава. А видов и ептен слична ваква, речиси иста во Pull&Bear во Сити Мол, ама цена не загледав. Уствари, сегде кај што влегов видов вакви кошули. Прошетај низ продавниците, нема шанси да не најдеш, а и попустите се уште траат
Не можам да најдам соодветна тема за прашањево, изгледа општи прашања ја избришале, па ајде овде ќе прашам, дали знаете каде можам да најдам есенцијални масла? Ама да не бидат оние во Сева што се за освежување на просторија, туку да можат да се користат за тело.
Може да ми кажете дали ги има во некоја од кинескиве. На нивна страна ги видов ама ја баксуз сум, тоа што ми се свиѓа го нема, по град негде дали ги имате видено?
Па провери по Евроазија,Теранова и таквите.Обично имаат намаленија на фармерчиња...Незнам,одамна не сум била...Во Тејли Вејл во Сити Мол мислам околу 1200 се сега,ама ти бараш во центар...
Јас имам вакви штикли, ама ги купив пред 1 година од ГТЦ мислам дека продавницата нешто adesso, така нешто се викаше.. Провери може сеуште ги имаат, затоа што колку што забележав тие не менуваат роба ...
У К.Вода кај рампа близу до Аванти има една кинеска, таму имам видено салонки, провери може ги има истите
Претпоставувам нема соодветна тема, ама морав да прашам.... Ако е неопходно, нека се префрли коментарот во друга тема. Каде можам да најдам кригли за пиво, ама од оние што се со вода внатре во самата крига, за кога се става во фрижидер да се смрзне водата, и нели да го држи ладно пивото?? Ајде ако некој знае нека ми каже. Фала однапред.
И мене ме интересира каде има вакви модели на капчиња, само да се некоја потемна неутрална боја, не дречлива.