Четката за гел туш на Есенс ја нема со месеци. Ја барав во Космо и во Дм и кај Беко и во ГТЦ и во тоа на Бит Пазар и тоа упорно ама џабе. Ако ја видите некаде информирајте во темава обавезно.
Meне ми кажаа дека четката на Есенс е повлечена од продажба одамна веќе, па најверојатно или ќе вадат нови верзии на четките (зашто и овие за блендање не можам да ги најдам никаде ) или пак нешто друго е проблемот. Не мора да биде на Есенс, барајте некоја друга, јас имам од рандом фирма-нефирма и супер ми се нанесува гел-тушот со неа. Гледајте да има некој ваков облик и да не биде ниту многу крута (ќе ве испогребе), ниту пак премека па да ви бегаат влакненцата.
Јас четка имам купено од џамбо, на неа пишуваше дека е за нанесување кармин ама јас си ја користам за очи, иста е таква закосена, ко на сликава погоре. Ефтина беше околу 50-100 ден не повеќе и одлична е. Мене ми е од одамна ама сигурно ја има уште.
Побарај во продавничките по чошината кај алфа, не знам баш да ти објаснам, али има неколку и има убавки, има и во лукас и кронос.
Да јас го забележав Може да се порача од оваа страна,ама немам искуство со нив не знам. Побарај во албумите гердани https://www.facebook.com/jaccessorise
Низ маалски продавници имам видено вакви исти сукњи (ама не памтам точно во кои, зошто цел ден акавме со другарка по бутици). Исти вакви видов и во Пренди за 220 ден. Кожни хеланки...???
Гумени чизми, црни, најобични, може и лакирани сеедно... До кај 1500 денари да се ако е можно И, уште едно многу битно прашање до тие што имате, дали ви пропоуштаат??? Или да си барам некои поскапи што не препуштаат? М?
Па претпоставувам дека сега им е сезона и тек сега ќе излегуваат новите модели, па ќе бидат со поскапи цени. Попуст не сум видела Каде има машко сако? Онака убаво, класично, од обичен материјал (мислам не светкаво или сатен), ама по стварно евтина цена, најмногу до 1500?
Не пропуштаат вода ама многу држат ладно па и суво да е надвор да нема снег.Значи ненормално многу. Јас моите еднаш ги облеков и тоа на суво време и после 2 саати дома на греалка неможев да си ги стоплам нозете. Сеа си седат така необлечени за успомен и дуго сечавање. Што е до мене јас ич не ги препорачувам гумените чизми.