Каде можам да најдам вакви кратки јакни ама убав материјал да биде мек однадвор а не да биде шушкаво? Нешто вака како сликата,негде до 2.500-3000..
прочитав погоре дека некој бараше кожни сукњи и панталони..има во сити мол во бершка,тали вејл(само таму има панталони ама поише како хеланки се),страдивариус,теранова... по 1000 и нешто се
Имам hunter boots (wellies) и со волено или подебело чорапче одоздола ги носам и на снег и немам гајле. Плус, можеш да си нарачаш посебни чорапи (welly socks) и немаш гајле, башка и многу штосно изгледаат. Еве: Spoiler Вака од надвор изгледа, и држат доста топло. Имам едни постари, од Рокси и од внатре беа обложени со крзненце ама беа доста тешки, значи зависи и какви ќе земеш. Ама ако ги носиш обичните со обично чорапче верувам дека ќе ти студи. Страдивариус, 1400 ден.
Па јас планирам само кога ќе има обилен дожд да ги носам така да најбитно ми е да не пропуштаат. Благодарам на одговорот, најверојатно ќе порачам од интернет
Има некој видено некаде вакви чизмички како на сликата?Важно ми е да се црни,рамни т.е да немаат штикла,да се квалитетни,да држат топло/да не пропуштаат вода,да се кожни. А, и да не се високи ,отприлика како овие нешто над глуждовите.
Знам дека прашањево можеби не е за тука, но не можам да најдам соодветна тема за да го поставам. Сакам да прашам дали знаете каде можам да се обратам за да ми изгравираат некаков знак или име на пенкало ? Фала однапред девојќи
Девојки каде можам да најдам...мачкести очила ама не за сонце, туку диоптерски? Низ неколку оптики во гтц што видов, немаше баш некој избор, а и не ми се даваат искрено многу пари овојпат. Фалааа
Кај можам да најдам вакви модели на јакни, квалитетен материјал, до кај 2500ден? Во Скопје, па и Куманово ако има Или пак капутчињава?
Како што ти пишаа има во Шутка, но има и со вистинска кожа тие се движат до кај 100 евра, а има и некои други материјали исто убави до 2500. И во Њу Јоркер имаше неколку модели на слични јакнички, баш мене таа што ми се допадна бепе 2500. Имаш и во Теранова со слична цена, само не знам за материјалот - треба да провериш дали бараш таков. Ама сепак, ѕирни си.