ваков модел на сакоа имаш и во Страдивариус, во неколку бои се, преубави, јас си земав и ептен убаво стојат 1990 денари се.
Каде може да најдам вакво каивче, отприлика оваа дебелина? И отприлика колку би ме чинело. Итно ми треба.
Има кај Рампа-Кисела Вода. Нема шанси да ја утнеш точно спроти рампата е. Мислам дека и на друго место имаше, само не ми тeкнува каде видов .
Девојки барам ваква чанта разгледувам наваму натаму, но не можам да најдам некоја слична на оваа. Сакам некоја ваква слична и да не е со некоја астрономска цена. Секако нема да најдам за без пари или 300-400 денари многу јасно, но барем да не е над 4000-5000 денари. Дали некој од вас има ваква чанта или некој видел негде. Поздрав !
Каде во Скопјево можам да најдам вакви чизмички на полна пета а внатре да бидат со крзно и секако да се со некоја нормална цена
Каде има вакво дуксерче како ова сивово со мачињава? А да ми треба и ваква црна, женска кошула каде можам да најдам?
Лани јас од Маниа земав чизми на полна пета, од внатре со крзно и високи скоро до над колена. 1990 ден. ги земав мислам . Сигурно и годинава ќе имаат некои такви модели
Вљубена сум во овие. Сте заприметиле некаде вакви? Битен ми е горниот дел, а надоле може и поразлични да се.