Каде да си купам?..па и на попуст плус Мислам дека уште една има до неа,ептен се малечки нема шанси да не ги приметиш ,значи кога одиш од мостот од таму ,доаѓа од лева страна само право оди,абе лесно ќе најдеш само одлучи се и појди и пофали се ако купиш
Каде да си купам?..па и на попуст плус Уф јас како ги сакам тие часовниците на фосил, бела керамика што се. Да не видел некој такви некаде? и шо цена се кај нас
Каде да си купам?..па и на попуст плус Каде да најдам вакви штикли, ама крем, не мора да се лаковани и кренати од напред, може да се и со отворен прст.Никаде во Центар не можев да најдам
Каде да си купам?..па и на попуст плус Во мојот град во Happening викендот што помина имаше неверојатен попуст. Мислам дека така ќе биде секој викенд. Си купив пантолони со елече за на работа за 2200 денари, ролка за со комплетот 300 денари маичка како корсет со бела чипка за 600 денари, сукња црна до над колена 600 денари, јакна дебела зимска за 2000 денари. На крај кога требаше да платам продавачката ми пресмета дека се ќе ме чини некаде околу 6000 денари, а без попуст околу 13000 илјади . Бидејќи стално купувам од таму, знам дека толку многу работи за толку малку пари никогаш не сум купила. Кога ќе ми текне само дека за некоја посвечена маичка плаќав по 2200 денари, ташна по 2500, а сега за 6000 си изнакупив многу повеќе. Распрашајте се во продавниците на Happening во другите градови, може го има истиот попуст.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Знае ли некој од кај да си купам чизмички до над глужд и да бидат со пониска штикличка?
Каде да си купам?..па и на попуст плус И да ви кажам јас бев во аутлетот во септември баш кога донесоа во продавнициве нова колекција и аутлетот имаше ПРЕДОБАР избор. Така да мислам дека кај и да е ќе добијат пролетни колекции, а старите идат во аутлет. Значи тука негде е периодот кога би имало добар избор.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Знаеш ли од прилика накај која дата идат во аутлет за да тркнам да видам сто ке си најдам, зашо не ми е баш блиску да се шетам секој ден натака навака
Каде да си купам?..па и на попуст плус мислам дека од гтц и рамстор треба веќе да се однесени а од беверли чекаат спремни во магацин ги познавам девојките од адидас ќе гледам утре да ви одговорам подетално
Каде да си купам?..па и на попуст плус Ма и јакната ептен, планирав да напишам за било кое парче од комбинацијава ако сте виделе некаде нешто слично да ме известите И се пишманив, ама кога веќе спомна еве си кажувам и јас.Баш сакам и јакна ваква и ниски чизмички, нешто слично..сега би требало да има голем попуст на овие работи па упатете ме некаде..дека ограничена сум со време, а утре во Ск доаѓам
Каде да си купам?..па и на попуст плус Многу пати е кажано има во Њујоркер ваква ташна (т.е имаше ама како што се троши можно е веќе да нема). Значи потполно иста! Имаше порано и од Дуки и Дасо низ акцесориве што држат нивни производи, ама немам видено сега, таа е многу слична на оваа. И некој рече имало во Шутка, ама за тоа не сум веродостојна да кажам каква е, зашто не сум ја видела . Јас мислам дека ќе има во новиве пролетни колекции вакви чанти. Сега по потполно иста немојте да помислите дека Мулбери чанта од 1000 евра е исто со чантата од Њујоркер за 1800 денари Иначе моделов е актуелен едно 3 години, а годинава доаѓа кај нас. Така да видете колку сме напредни
Каде да си купам?..па и на попуст плус Робата што е во аутлетот во Борис Трајковски е од старите колекции кои биле во продавниците Најк Адидас Лакоста итн...Значи колку што е оргинал робата низ продавницве ,толку е оргинал и таа во Борис Трајковски. Е сеа тоа што е Мејд ин Кина , 90% од големите фирми имаат свои фабрики во Кина Индонезиха Виетнам..поради веќе добро познатите причини Eдит: Фосил има во Беверли Само што незнам точно да ти кажам дали има баш од тие модели што бараш ти...Е сеа со цените Фосил се тука негде со Swatch ,можда малце поскапи
Каде да си купам?..па и на попуст плус Карина имаше од таа ташна вцчера во Њу Јоркерк, ако одиш скоро може ќе ја начекаш
Каде да си купам?..па и на попуст плус Ќе ја копирам пирамитката Се шалам, ги гледам саативе одамна на Поливоре, ама немам видено тука кај нас ваков модел. Ама ефтин да е во некој од акцесорис продавничкиве да не сте виделе? Црн, кафен... кремаст евентуално ма каков и да е ваков модел да е!
Каде да си купам?..па и на попуст плус Росонерка ме потсети со часовниците сега . Праша некој во некоја тема дали има овде часовници Страдивариус и видов во ГТЦ во Евроазија во тој посебниот дел кај што има каса , изложени се таму и баш убави имаше
Каде да си купам?..па и на попуст плус Росонерка јас имав ваков часовник, ама уште многу одамна. Го добив а подарок, со неколку ремчиња кои може да се менуваат. Последен пат ваков сличен нешто, мислам дека другарка си нарача од Авон или Орифлејм (да не те лажам, некое од овие беше). А низ нашиве продавници не знам кај има... Инаку кога сме веќе кај часовниците, кај да најдам ремчиња, баш за горе наведениот часовник? Црното ми е веќе оштетено, па сакам да го заменам. Дали знаете дали воопшто имаме таква продавница за ремчиња?1
Каде да си купам?..па и на попуст плус Севојки каде да си купам ваква, едно време ги гледав во една продавница до Лондон паб на плоштад, ама сега е затворена таа продавница, да не видел некој ваква по продавници, не мора да баш иста, сеедно дали е со риби, школки, жица...
Каде да си купам?..па и на попуст плус Хмм имаш право имаше порано во еден каталог сега се сетив. Ама сепак ако случајно видите низ продавнициве кажи ми, сакам ептен да си купам таков. Иначе јас имам менувано ремчиња, ги има низ сите саатчии што менуваат батерии низ градов имаат ременчиња. Ама да најдеш обично ременче лесно ќе е, има од 300 до 1000 денари. Ама да најдеш такво големо дупло всушност искрено не верувам... Јас во ГТЦ менувам еден е покрај Адидас мислам во тој пролаз, а друг е после Евроазија до Коле чевларот. Сигурно на овие места има ременчиња.