Бершка и страдивариус,најубави принтови има. А летово ги гледав на попусти по 500 денари во Њујоркер во Верото.
^ Ваквите дебели блузи и џемпери се прескапи во Њујоркер, Бершка и останатите, баш ги гледав пред неколку денови. Мислам, 1200-1600 за вкавите блузиња - мало морген. Јас за 1600 цела ќе си се облечам тарашкајќи низ помалите продавнички, Боже мој. Кога веќе пишав, кажете ми каде се наоѓаат од оние подебелите ХХL џемпери на закопчување, но по разумна цена, не ми се даваат две илјадарки за едно парталче.
Лани имаше ама оваа година не сум сретнала, а баш сакам да си купам кожна јакна ама со крзно од внатре. Некоја ваква ама црна или сива видел ли некој некаде?
Каде можам да најдам во Ск бордо панталони не многу скапи,и дали сеуште има од по 79 ден работите во new yorker ?
можеби прашањево не е за тука . но да ве прашам феминки каде мозе да најдам ваква светкава и сјајна сенка за оци конкретно во бела или сребрена боја ?
Каде да најдам чизми за сега за есен..со ептен мала штикла и да бидат до глужд? и како се движат цените на такви чизми?
Јас имам купено ист ваков од Extreme Intimo ама од поодамна. Многу е квалитетен, го имам многу носено и сеуште е ист како денот кога го купив. Немам големи гради па немам нешто многу потреба од добра издржливост ама многу вежбам така да, да поприлично е издржлив. Е сега, не знам што подразбираш под солена цена. Мојот ако не се лажам беше околу 1200, ако ти одговара цената, топло ти препорачувам да го побараш, квалитетот ти е гарантиран.
Не ми се смејте... Врвки за патики, чевли? Црни ми требаат, а не е лошо и избор на бои ако има. Само да не треба внатре во Бит Пазар да се бутам. Некое друго место? Или сепак таму има најмногу избор?
Senza, а во Џамбо да ѕирнеш? Свашта се наоѓа таму, па ништо чудно да има и врвки за кондури. Единствено на тоа ми текнува, а да не е пазар
Сакам да ве прашам што мислите за работите што ги има во Певекс ? Бидејќи гледам колешките од работа многу често купуваат од таму, а јас досега немам ништо купено од таму.. Сакам ваше мислење ?