Да ти кажам искрено,нема ништо посебно.Пред скоро време бев ,немаше буквално ништо,неквалитетни парталчиња...
Аааа? Какви се тие по 79 работи ? И јас барам некои фенси,ама во Џамбото не најдов... Не ми се допаѓаат стварчињата,не сум купувала од таму ниту планирам.
И јас искрено 2 пати имам влезно таму но ништо не сум купила. Бидејќи речиси сите се фелер, а незнам зошто луѓето ,,трчат,, таму дали дека се ефтини.
Феминки, ако сакате шминки и козметика од Буржуа и Лореал и такви марки на пола цена пишете во лична хихи! бидејќи на другарка мајка има фирма во Словенија и увезува исто во Скопје понекогаш, и секогаш и купувам и супер се!
Незнам дали е до вкус ама секоја втора работа од таму што ја имам пипнато е од некој попознат бренд. Си имам купено сукњичка бела чипкана од Зара, џемперче од пимки, HandM, маички од Амису (истите што се продаваат во Њу јоркер) од пул енд беар, атмосфер, страдивариус бикбок и да не набројувам. Можеби не си го начекала периодот, ама ако влегуваш почесто и тоа како се наоѓаат добри работи и тоа квалитетни.
Има мала тезга на неколку метри од излезот на Зелено пазарче (или од постојката кај Зеленото пазарче) па кога ќе тргнете накај Собрание. Не знам дали ќе се сфатиме вака ама мислам дека од прилика ви е јасно каде е Од одамна ја има таа тезгичка таму.
Јас знам дека само во вторник и среда имаат нова роба. А баш сега во вторник ќе одма да видам. Инаку да и дргарками има земено шорцеви чипкени од Зара и кошулка мн убава
Девојки премногуу сакам да си купам пелерина, гледав слики, букваално се заљубив но за жал во мојот град не сум сретнала никаде или сеуште нема или нема ни да има би сакала да ве прешам ако знате каде може да се купи онлајн или каде има во другите градови (Скопје)
Пак да си попрашам задутре одам за Скопје, да не лутам насекаде, случајно некој да не видел , да знам каде да барам или нешто слично на ова
Да не знае некој каде има во Скопје долги фустани околу 2000 денари, имаше неколку во ГТЦ по 2500 денари, но доколку знае некој на друго место каде има сакам да разгледам.
Во бисер трговскиот, од позади кај стружанка има едно дуќанче купи ефтино мислам дека е, има фармерки по 800 убави се сум земала од таму, добар квалитет.