Имаш во Цајс во Гтц и Сити,али моја препорака ти е да не брзаш. Слушнав шпекулации дека фејкови се сегде ако имаш можност кога ќе шетнеш надвор од Македонија набави си.Јас летово си земав авијатор поларизирани Рејбанки кои по жигот кога ќе ги споредиш не се исти со нашиве. Така ми се погоди годинава, инаку оддамна веќе фамилијарно купуваме наочари во странство. И реално ако начекаш има и добри попусти!
ФАЛА за инфо! И ние континуирано си купуваме наочари за сонце (како и саати, парфеми, алишта и мнооогу други работи) од странство, пошто тука ги даваш парите со голема веројатност да не купуваш оригинал. Но сега јас си реков да си се подновам, ама во право си - ќе се стрпам, ќе си купам од странство!
деевојки помош ми треба итно! имате ли видено вакви штикли и боја некаде? имаше во лептокарија ама немаат 39 нормално, поинаква штикла https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 5396_n.jpg и комблизони некаде поефтини?
Ми треба капут,кафеав,по можност краток.Лани што купив ептен е тенок,ми треба нешто подебело.Или и јакна нека биде зимска,ама не од оние "напумпанине" .Кај има поефтини низ градов не лутам?
Каде да најдам нешто слично на ова само да не е од поцвртст материјал или од коноп евентуално,само да не се проѕирни ама да биде со три фиокчки највеќе? Ми треба точна локација да не лутам немам баш многу време
Мама25, вакви можеш да најдеш во Џамбо, Базаро, поголеми и опремени книжари. Либера, јас имам вакви купено од Калиопе, 800-900 денари, а моја другарка истиов модел и боја, ги има купено од Бершка ама пред 2-3 години, такада провери во Евроазија.
И јас баш ќе побарам такви тренерки како Libera.Вчера братучедка ми носеше такви,ја прашував од кај и се ми рече од Шутка,ама исто,од пред 2-3 години. Инаку,каде низ Ск има најевтини ланци за кучиња,мислам на оние меките,за шетање,за мало кученце? И облека за кученца,во кој пет шоп да барам евтинка?
Провери во Џамбо, имаше пред еден месец. Поводникот што јас го гледав за мало куче (а и немаше баш голем избор) беше околу 170/80 денари, а облеката од 140 до 300 денари (имаше нешто како "џемперче" црвена боја, 140 ден, баш беше слатко и јас бев отидена со намера да купам ама се предомислив, штознам, чудно ми е). Мислам дека имам прочитано низ темиве дека имаш женско кученце, па да те известам дека баш и нема некој голем избор на облека
Знам дека не е за тука прашањето ама бидејќи не видов таква група да прашам тука. Дали некој знај дали утре ќе работат на бит пазар оти денес не работеа???? Фала однапред
Во МАНА има убави модели, јас скоро бев имаше секакви бројчиња и не се скапи, некои си 700-800 денари.
Знам дека се истите панталони на сликата само од друг агол,но мене ми требаат панталончиња слични како првите,или третите.Црни по можност,и цена ако знаете ))