Имам мерак за некоја маичка со костури.. и такви работи ако видел некој негде, нека пише, за да не одам за џабе.
Девојки, ми требаат до 1000 ниски чизмички. Црни, кафени... Да не лутам низ Скопјево, знаете каде има?
не е малце рано за вакви зимни мотиви?? сеуште немам никаде видено вакви..патем има во бершка џемперчиња ама со некој не толку зимни мотиви ) по 1000 и нешто се..и во теранова има..
Јас си купив пред 1 недела од Principe shoes и верувале или не уште вториот ден ми се скриши ѓонот. Ќе заплачев
Каде и да купувате чевли (па и се друго), со фискална сметка имате право на рекламација. Должни се да Ви ги заменат. Мислам дека еден месец е рокот.
Некои убави новчаници? По можност место за слика да има? Во Дуки Дасо последен пат коа бев ништо убаво не видов.. ?
Аман за аман кај да си купам ваков било каде кај нас, не битна цена не можам веќе ме шашардиса шеширов у 101 комбинација го замислив и морам да го имам. Да не и настрада на анабела најзинот нека каже некој ако знае кај има, сличен или ист. Spoiler Донде?
Hipster, како третиот од доле гледано, видов во Страдивариус лани, беше со величини, клот крем и клот кафеав, беа по 1500, тука негде +/-. Ништо чудно да ги има и годинава, зошто лански модели на капи во Pull&Bear,ги видов сега пак.
Има во Теранова, ама не знам колку беа. Најверојатно некаде околу 1000ка. Баш беа со вакви дезени - елени и нешто слично.
Црно џемперче, во околината на Охрид и Струга ? Имаше порано во Модатекст Струга, сега не сум појдена 2 месеци да видам. Знае некоја кај има, и колку пари е