Касно ти текнало за римјанки сега, летните обувки се повлечени од продажба. Едино да се распрашаш по продавнициве дали им останало нешто и дали би ти продале. ФБИ, мислам дека вакви чизми гледав во една продавница во ГТЦ, на приземје, од страната на паркот. Немам поим како се викаше, мислам со Пјетро нешто беше, близу е до Соравија, и главно чевли продаваат, ми се чинат прилично квалитетни. Цените не се баш ниски, под 3500 нема пар, ама ако се квалитетни, мислам дека вреди секој денар.
Барам отприлика вакви чизми, со пониска штикла , а елегантни...Не сум излегла по Скопјево да барам, има ли некој видено негде?
Вакво каивче по пристапна цена? Најмногу до 300- 350 денари? Не мора да е кафеавко, може и друга боја, ама да не е едноставно, да има на него вакви
Hipster, да те известам дека во Евроазија во Веро трговскиот, имаш шешири кафеави 500 ден.Исти се како тие лани што ги гледав во Страдивариус, а овие се од Бершка. Имаат величини, ако не се лажам М беа и двата и беа последни.
каде да си купам вакви чизмички крем или кафени ама да се еко кожа(не платнени) и со гума долу до 1000 ден
Најобична кремаста кошула? Верувале или не, не можам никаде да најдам! Значи барам класична, памучна кошула во крем боја со долги ракави и копчиња. Ништо повеќе. Најдов сé друго, само тоа не. Секаде најдов најчесто свечени кошули од чудни материјали, евентуално памучни ама со друга боја на рабови, со најразно разни детали, врвки, машни, ластици, чипки и други чуда, ама најобична убаво струкирана кошула никаде не најдов Ако е малку потемна нијанса на крем - уште поубаво.
Mалку сили прашање ама итно ми треба а незнам кај да се обратам. ќеси за вакумирање кај можам да најдам. И колку им се движат цените ???