Фустанчево го сликав во Евро Азија пред месец дена и сега се предомислив, сакам да си го купам. Да не знае некој дали уште го има?
И мене нормални ми требаат не сакам до гради да можам да ги кренам А те молам ако не ти е тешко кажи ми поточно на кои тезги на Бит пазар има хеланки да можам подобро да се снајдам. Позз
Вакви досега немам видено да се продаваат ( слични се како од вуница ). Ама за плетење белезици конци лани летото јас земав од тезгите пред бизнис по 10 денари беа во разни бои 1 метро мислам да не те излажам.Иначе имаш од оние како гумени ( пластифицирани) конци за плетење исто за белезици во неонски бои 20 внатре во се за 69. ( тоа кај Азур) Провери си за сигурно оти сега немам купувано арно ме потсети треба да си купам и јас црни конци.
Каде во Струмица можам да најдам вакво палто, т.е не мора да биде баш такво, ама да е у тој стил нешто
Можам ли да најдам квалитетни чизми низ Скопјево наше, што не пропуштаат и да не ми мрзнат нозете до кај 3000 ден.? Под колена, рамни.
http://www.bershka.com/webapp/wcs/s...09502/32025/2782001/Bershka+buckled+boots/040 Јас ги имам овие и сум презадоволна. Удобни, топли, само што уште не ги имам испробано колку се издржливи во вирчиња
Каде да најдам вакво џемперче (не мора на попуст ) ама понежно значи како на Оливија, од мерцијализиран конец или како ова розевково, за на салонки на пример, не некој дебел џемпер. Такви гледам има ама не ми прават ќеиф
УГГ овие чизмите што се?И да не се 2000-3000,аман више кај и да најдам најобични,црни цели по 2,3 иљади
http://www.youtube.com/watch?v=nK4sf5tpaRM Незнаев како да најдам слика...четката што ја користи на 2:34 дали знае некој каде да ја најдам (и сите други производи што ги користи )
Urban Decay, Sephora , MAC нема кај нас , пудрата од Dolce&Gabbana не верувам дека било каде кај нас ја има , првата пудра што ја користи е ful coverage од типот на оние што покриваат флеки па мислам дека дури и тетоважи и таква не сум сретнала , минатата година ми требаше во Космо прашав немаше , таа белата што ја става под очите мислам дека е пудра за под рефлектори односно за театарска сцена и се користи за да се истакнат фацијалните изрази на глумците , така да повекето ако не и сите производи што ги користи не ни се на нас достапни . Евентуално ако ги најдеш на интернет да ги порачаш или некој од страна да ти ги донесе