За четките, ги нема кај нас. Full coverage пудра што можеш да ја најдеш кај нас e на Есте Лаудер Double Wear Maximum Cover во Космо, сега е на промоција (-15%). Тоа е таа пудра што прекрива и тетоважи и лузни и акни и се'. Побарај туторијали на Youtube со пудрава, ќе видиш дека се' живо покрива. Само, скапичка е Spoiler
Каде можам да си најдам вакви широки фармерки, ино ми е, за две недели мора да ги имам, во сити мол да не сте виделе некои вакви и во кој бутик? Која цена се?
Каде да купам не многу скап поводник, за куче со голем раст ? Се на слабоснабдени пет шопови налетувам или на изгор скапи, не ми велете само Џамбо.
Во Еми бижутерија има и копчиња едното се наоѓа во Беверли Хилс на приземје,а друго има кај Буњаковец до Комерцијална Банка.
девојки на свадба сум за две недели и би сакала да носам долг фустан. дали знаете некаде каде што има убави долги фустани ,не претерано елегантни? и не претерано скапи хаха
Во Енџел имам видено интересни а и не многу скапи. Се наоѓа во Бисер до Шатци парфимеријата. Мисламд ека имаат страна на фб, можеш и таму да побараш ако имаат слики.
Машала пудрава, секој пат кога ќе нанесувам- ќе плачам. Ама како и да е фала на информација. А коректорот од лореал,под очи што го ставаше го има ли бар него тука? И дали знаете каде има барем слични вакви големи, пуфкасти четки за пудра како нејзината?
Мене лично четката што ја користи девојкава за течна пудра ми е преголема, ми личи на четка за камена пудра. Има кај нас вакви големи четки, имам видено баш ваква четка на Артдеко, мека, преубава (околу 900 денари беше) на штандот на Артдеко во Космо во ГТЦ што е. Јас би ти препорачала да си купиш четка за течна пудра, сигурно ќе најдеш по парфимерииве. Коректорот јас лично го немам видено кај нас. Пудрата True Match ја има, ама за коректоров не сум сигурна, мада не верувам дека го има. А за пудрата Есте Лаудер, имам другарка која мака мачи со големи, цистични акни и само со неа успева да ги прекрие. Не користи ни коректор, пудрата е екстра покривна, јас немам видено ништо приближно слично толку покривно. Професионална е, ја користат дури и во филмови кога на актерите треба да им се прекријат тетоважи и сл. Значи, попокривно нешто - амин. Скапа е, ама друго нешто слично мислам дека не постои на пазарот (кај нас) За чудо, не е нешто тешка на лице, ја имам пробано чисто од љубопитност, и вака текстурата и' е доста лесна, ама колку повеќе ја размачкуваш на лице, станува се' попокривна, покрива апсолутно се'. Сепак, не е за секој ден, дефинитивно, само за посебни прилики. Другаркава ја става само на образите кај што има големи, црвени акни за да ги прекрие, а на другите делови од лицето става „нормална“ пудра (нормално, за ова мора да се користи четка за убаво да се слеат двете пудри, зошто колку и да е слична нијансата, сепак мора убаво да се изблендираат) Уф, се изморив
Sexybaby86 Благодарам за одговор и имам уште едно прашање Знам знам замарам, ама опседната сум со акниве на лицево, многу голем проблем ми претставуваат, што четка користи другарка ти и колку од прилика и трае една пудра (од оваа на Есте Лаудер ), не планирам за секојдневна употреба или за посебни прилики само или како другарка ти само на местата каде што имам акни да ја помешам
Пудрава со години ќе ја користиш, верувај ми Многу малку е доволно за да се нанесе на цело лице. Четка не знам точно каква користи, ама вака изгледа, како втората на сликата: Јас таа што ти ја зборев на Артдеко е речиси иста како првата, баш е таква со бел врв (оваа ја има кај нас сигурно). По парфимерииве ќе најдеш четка за течна пудра, сигурна сум. Не може да нема, а имаше едно време и во Орифлејм, само јас не сум љубител на нивните производи, не знам дали е квалитетна
можи не ми е е прашањево за тука ама незнаев кај да прашам. Дали можи и дали знаете некој што мести рачки на ташни имам една ташна преубава ми е, нова не е многу носена ама рачките ми се скинаа не сакам да ја фрлам нова е некаде да се наместат можи некако?
Добро е малце се утешив дека неможам да си најдам само јас чизми кожни, може да се до 5000 зашто премногу ми требаат ама неможам да си најдам во скопјево а имаше мн убави во nine west на попуст ама ми ги купија...помагајте девојки
во бисер имаш многу продавници со свечени фустани јас си купив долг црн за 2500,незнам точно како се викаше продавницата ама од страна беше во пролазите на 1спрат
Во исти ред од кај што е полицијата кај бит пазар , само треба една мала уличка да се пројде има едно така поголемо се вика мислам дека JETA комерц или без комерц беше не е битно. Надвор има изложено некои ташни, марами . Значи уште кога ке влезеш има едно како стакларник е и изложени се копчињата а продавницата е горе на спрат(бидејки има повеке продавници во рамките на објектот ) Има огромен избор , бои , форми , големини , не сум била одамна ама знам дека имаше огромен избор последниот пат кога бев , ако вака не се снајдеш само застани кај Атлантик што е за играчки , наочари и други сваштарии(тоа како со плави стакла) и ке го видиш ова
Во туркска чаршија има некои ташнари кои се' уште се занимаваат со поправки. Јас менував рачки и патенти на ташми летото таму. Не можам точно да ти објаснам во кое дуќанче, но тргни по ред по ташнарите и прашај каде прават поправки.
незнам колку е соодветна темава за моево прашање ама ке прашам дали знае некој каде може да купам фитилчиња или како и да се викаат конците за свека.имам многу неискористен миризлив восок дома и сакам да си направам нови свеки,но немам фитилче за во средината....ви благодарам...поздрав
незнам колку е соодветна темава за моево прашање ама ке прашам дали знае некој каде може да купам фитилчиња или како и да се викаат конците за свека.имам многу неискористен миризлив восок дома и сакам да си направам нови свеки,но немам фитилче за во средината....ви благодарам...поздрав