^ Во Џамбо има, во одделот кај четките за коса и ситниците од тој тип. Има и во ДМ. Не ја знам точната цена, ама не се нешто скапи. Каде да барам кардиганчиња од овој тип? Ќе си речете - насекаде, ама барам некои со не толку астрономски цени - секаде каде што проверив, низ Сити Мол и компанија, не беа испод 2 илјадарки, а не ми се даваат толку. Нека биде барем до илјадарка. Сигурна сум дека има некаде ама прашањето е каде?
Најголем избор на Лего (било што од Лего, овие маливе сум ги виедела по едно во кесичка, но може има и комплети) има во продавниците за играчки - Крш (имаат дуќани во Рамстор, CM и ГТЦ)
Во Зара , Мигато мислам дека се 9цм штиклата , во Шантел има разни бои и модели едните се 10ка , другите нешто пониско има значи 7ца-8ца. Е баш ваква копија што е 12ка гледам на али експрес ама кој да ги чека додека да стигнат
Во бутик Прчла, на Партизанска кај Зегин аптеката. По 1200 денари имаше и по 900, многу убави моделчиња. И во Теранова имаш по 999 денари.
Девојки да не знаете каде можат да се купат црни чизми негде до под колено (рамни) ама позади со метал? По можност кожа Данке шн!
Жени каде можам да најдам јакна за свекрва ми до под газ должина црна, со внатрешен дел што се вади за да може да се носи кога е потопло времето ,и ако може плаќањето да биде на рати ако е така поскапичка.Нешто вака
Во ДМ исто како тоа лево,175 ден..топло го препорачувам[/quote] А како го чистиш ова?[/quote] Што е тоа, која му е намената, според сликата не ми е јасно... за подигање коса ли е... немам користено
И јас само што сакав да пишам ама гледам имало побрзи Сукњава е над 1000че во Њу јоркер. Поевтина ја видов во Евроазија, во гтц ама тоа пред месец дена, незнам дали сеуште ја има Инаку во врска со сунгерчињава, ги има некаде поевтини? И не ви се троши ли повеќе пудрата така? Ми делува како да ја впиваат пудрата
^^^ поефтини немам сретнато т.е. ниедно друго вакво немам видено..некоја феминка напиша дека имало во џамбо ама нзн дали баш вакво исто или обични сунгерчиња...е сега за трошење,што знам,може малку повеќе зошто сунгерчето се користи влажно и впива малку пудра ама јас многу и не користам па така не ми е важно дали побрзо ќе се троши или не..за секојдневно користење мислам дека побрзо од обичаено би се трошела пудрата ама од финишот и покривноста со сунѓерчето сум многу задоволна