Значи вака жени, јас се залетав да ги купам овие розевите штикли и отидов пак до продавницата. Многу ми се допаѓаат, но пробелмот е што штиклата делува премногу пластично во живо, а подлогата, одн.задната страна на штиклата е црвена(мислам дека дури и се гледа на сликава). Сакам да ве прашам дали знаете или можеби сте виделе нешто слично во градов, ама да не е лепено и со пластична штикла.... Сакам јака боја, розева, циклама, жолта-портокалова, сина.... Зелени имам, ама било која друга јака боја, салонка би ми дошла фино
Аванти во Чаршија е, има и во Синѓелич кај пазарчето. Чевливе се околу 1600 ден. Се извинувам што одговорив јас.
Сакам да си купам вакви патики, само да бидат црни Каде можам да најда вакви и по колку пари се од прилика?
Конкретно ова е дуќакот Уникат во Битола, таму огромен избор на чевли има. А како што спомна Марама истите ги имало и во Аванти. Јас сакав црни, ама и јас се двоумам за овој модел ако е таква штиклата како пто објасни Старфиш по се изгледа ќе треба друг модел да барам
Како што гледам овие се nike id, така? Ако се, неможеш да ги најдеш да ги купиш Се прават по нарачка, твој дизајн и се 150 долари, ги нема во сериска продажба туку ги испорачуваат само дома. Кај нас во Македонија уште неможеме. Ако не се, тогаш немам ги немам видено низ најк кај нас, а верувај најредовна сум им низ продавниците
Па не мора да се најк, може било која марка, само да се одприлика таа форма, малку подлабоки и да бидат црни
Такви штикли,поточно тигрестиот дизајн,видов во Бисер.Не им ја приметив штиклата, али не беше пластична сигурно
Грлс ми треба бела кошула онака подолга и поширока за поклон. Видов на излогот од Тели Вејл мислам дека во Рамстор, ама цена не видов. И да е нешто до 1000.
Дали некој има вакви балетанчиња видено?или уште траат попустите за чизми?немам излезено ич... да се спремиме за пролетта?и отприлика колку се?
Спроти Бисер, во продавницата што е до Жу жу.600 денари се.Истата продавница ја имаш и во трговски спроти милениум, кај средното школо Борис и во Лептокарија.
Ах кај ме најде На еден голем паркинг е,продавничката е доста голема и е на ќош. Блиску кај Енрико е. Се надевам ме свати
здраво на сите! ќе ве замолам ако знаете да ми кажете кај има градник без прерамки (силиконски),знаете за на фустанче но големи броеви и секако квалитетни да се....слушнав за во лиска дека има но не сум сигурно ако има некоја шо побрзо видела или купила да ми пише овде или пак преку лп и ако може цената отприлика......
Јас имам од Лиска земено околу 1500-2000 го имам земено одамна многу. Баш и во ТЦ Бисер имам видено ефтини прслучиња и големи броеви сестра ми си зима од таму 90ки, додека ја чекав видов имаше без прерамки. Речиси секаде треба да има, ти не си ни побарала сигурно. Ама едно нешто ако имаш големи гради не би ти препорачала прслуче без прерамки. Сеа не знам која големина бараш, ама тоа прслуче не држи. За мали бројчиња да и онака лесни градите се, ќе те стегне. Ама за големи не верувам дека ќе ти се препорачливи, само мака ќе видиш и ќе ти се спушта.