женска ако си за капут во макпримат имаш намаление на капути од 3000 до 4500 5000 дебели многу топли, јакни имаш на многу места низ бисер од 2000 до 3000,чизми исто на биана си земав 3600 и на баргала имаш за тие пари,ако одиш сити мол нормално дека испод 5000 6000 7000 немаш ни јакна ни чизми освен на попуст се надевам ти помогнав
Најпрво извинете за офф-топик. Би сакала да прашам, доколку некоја од девојките има купено чизми од тие продавничките кај Рампа(Не е Аванти), какво искуство имате со нив? Квалитетни,издржливи? Јас си видов едни кои ми се засвиѓаа, па бидејќи не сум купувала од таму, се плашам да не ги дадам парите џабе. Пишете ми во ЛП. Благодарам.
Исти вакви видов на Бит Пазар во тие продавничките што се кај Ил Камино, Аванти, само не знам која точно. Треп треп
Јас лани од Еко или од Елит,зедов вакво слично,и сеуште го носам.Ѓубретарки ги викаат мислам,крем боја е,одвнатре со крзно,топли ептен,за мерак. Не е шушкаво.Многу е типско,одговара и на спортска комбинација и на фустанче стои добро.2000 или 2500 го зедов.Провери,можеби има пак. А гледав и во Бершка вакви преубави,ама соленки.
Девојки како сте задоволни од чизми на Il Camino и Biana (до 3500 ден барам) во однос на издржливост и дали пропуштаат вода. поздрав
јас ова истово го нарачав лани од интернет( 2900 ден), и многу топли ама се разочарав кога видов дека е шушкав надворешниот материјал
d. ее јас имав кратки чизмички од ил камино на мала штикла и беа мноогу удобни ептен ми се погодија за ефтини пари ги утепав од носење едно 3,4год. и уште би ги носела ама им пројде времето на носење веке и да не ми пропуштаа вода
Biana се прекрасни, многу удобни, топли и не пропуштаат вода. Јас лани при крајот на јануари си купив едни многу убави чизмички на попуст - црни, на средно висока штикла, малку под колена. И најмногу ми се допаѓа тоа што не се лизгаат. Имав едни вакви слични чизми, ама тие многу ми се лизгаа. А на овие од Biana ѓонот одоздола им е изработен од варена гума, па ниту тропаат кога одам, ниту се лизгаат
Biana се направени од природна кожа (е сега ако ги почитуваш животните и не можеш да носиш кога, ама да не излегувам од темата), значи јас имам чизми од таму, ова им е 4тата зима, не чувствуваш студ, не се лизгаат, дождови, снегови, ма немаат гајле.
Ако изборот ти се сведува на Ил Камино или Биана, тогаш дефинитивно Биана. Кожа си е кожа, нивните чизми се квалитетни, топли и не пропуштаат вода. Имам два пара чизми, едни рамни високи до колена и едни на штикла, исто до колена. Презадоволна сум, веќе трета година ги носам и сигурно уште неколку години ќе продолжам да ги носам. Во Ил Камино не се кожни чевлите, така што нема споредба меѓу вистинска кожа и скај
Јас сум најзадоволна од Airwick и Glade, навистина се чувстува мирис кога ќе ги запалиш. Од другиве колку прекрасно и да мирисаат, при горење ништо не се осеќа.
Барам бела блуза слична на овие на сликите подолу. Не можев да најдам слика од точно онаква каква што сакам ама мислам дека ќе ме разберете, потенка, да има вез како на првата слика ама да не е толку застапен зашто таа е целата таква а јас сакам застапено како на втората. Сте виделе такво нешто некаде?