Свиленкаста, памучна, било каква. само да е бела со обична јака и да нема глупости по неа. Ај ќе прошетам и до таму, па може уз пат нешто ќе ми фати око и на друго место. Ај за да бидеме на рамно сега, да ти кажам каде да најдеш убави чорапчиња. Види си во Сара Фешн, јас од таму секогаш купувам долен веш, чорапчиња и таквимити работи. Многу убави дезени има, a и цените им се супер - гарант ќе ти фатат око.
Си земав кошула од една продавница во Центар. Имаат страница на Фејсбук. Ако сакаш, ќе постирам линк. По 900 денари беа, а жените беа многу фини и љубезни. Имаше разни модели и ако ти треба некоја величина, а ја нема, ќе ти ја сошијат. Во Манго не знам дали би нашла по прифатлива цена. Инаку за чорапи и хулахопки и јас сакав да ја предложам Сара. Имаат интересни дезени, пријатни се за носење и не се тенки, а не се многу скапи. Последните што ги земав беа 180 денари.
Имаме имаме видено,и тоа наставничката ми по математика ги има Мислам дека у ГТЦ имаше во една продавница на 1ви спрат ама у која да ме убиеш незнам... Аман бе луѓе спасувајте кај има УГГ?
во дуки дасо, ама не знам точно колку пари е имаше во поодамнешните постови на темава некој напишано, ако не те мрзи прегледај ги
Spoiler Незнам зошто се големи сликиве од моб се сликани. Иначе имаше избор мојата е обична црна скрос без натпис слична на ова
Да ви кажам пред да прашате Во Рубин Кармин имате попуст на сета козметика на Крка, го затварале погонот за козметика и се е на попуст, си купив пудра во стик за 49, камена за 49, маскара и туш за по 49, сенки и лакови за 19, скоро се е со такви симболични цени Прилично добра козметика, од пудрите сум презадоволна, маскарата е феноменална, конечно маскара да не ми се извади за еден час, тушот не можам да кажам многу не сум користела тушови ама добар е, не е лош, не ми се размачкува а се брише лесно
Интересни чорапи може да најдеш по сите продавници за облека во City Mall, почнувајќи од Terra Nova, Bershka, Pull and Bear... Чорапи има и во Extreme Intimo, имаш и во Џамбо по некои Ок чорапчиња. Аааа да, има и во LC waikiki (таму се поевтини, а мене ми личеа баш симпатични). Нормално има и во Calzedonia.
Имав уште пред скоро месец дена пишано за во попустот во рубин кармин, јас изнакупив од се по нешто, но, колку пари-толку музика. Ружот е добар, од лаковите треба барем 3 слоја да ставиш ако сакаш да ја добиеш истата боја, сенките се топ за парите, тегет моливчињата се ок, а тие другите мене ми се погодија многу тврди, но кафеавите може слободно за веѓи, пудрата после некое време почна вода да ми тече кога ќе го свртев шишенцето (најверојатно се стари), маскарата е многу течна и нити згуснува, нити издолжува, единствено за природен изглед, а перцето од тушот ми е претенко и тешко се нанесува, а за трајност и размачкување не знам, а камената пудра воопшто не ми се свиѓа. Мој совет, купете си сенки, ружеви и лакови.
Некаде во City mall видов, мислам дека во Stradivarius, ама не ме фаќај за збор... А во Аccessorize сигурно ќе најдеш некој интересен...