Каде се продаваат потполнки за градник? Ама да бидат баш потполнки, да пополнуваат убаво, а не да бидат млитави ко тенок картон. Низ Џамбо има такви глупости?
Пред некој месец со другарка ми видовме во Џамбо од оние што ги викаат chicken cutlets, не беа воопшто скапи
Оригинален почнач на дел имаш во макпетрол дел продавниците, чини 2000 денари и немаш гајле, јас го сменив пред 2 години зашто и мене ми се прецвика стариот. И јас планирав да купам заменски- универзален, ама имаше проблем со волтажата, дел се малку специфични за овие работи, па морав да купам оригинал. Ама барем не се тресам да не се зафркне нешто, оригинал си е оригинал.
Ако е проблем само кабелот, а не тоа таквото како кутија што е, можат на сервис да ти го сменат цел кабел, а полначот да си остане ист. Околу 600 денари така би чинело. А може исто да ти го залемат, да ги поврзат жичките ккако што треба, да ти го залепат со изолир, и да врши работа исто како нов. Ако тоа му е проб. нема потреба од нов да даваш толку пари. А тие универзалните ако се кинески и се до кај 1500 денари, не се ич убави. Се надевам дека помогнав. Поз.
Стално пред роденден ја имам оваа мака!!! роденденски свеќи, значи години и години со ред неможам да си најдам тие бројки што ми требаат, стално една има, една нема! Во Џамбо бев имаше само 2ка ама 0 не. И ја зедов 2ката со надеж дека ќе најдам иста таква ( од оние розовите со ружи на дното на постољето на свеќата) ама нема нигде! Ако некој види нека ми пише
Незнам дали прашањево ми е за тука ама знам дека е најпостувана тамава, па би сакала да ги прашам тие од Куманово дали знаат дали некој кој изработува кондури или ташни од кожа. Имам дома кожи за извоз Кога одев на факс( беше оддамна ) знам ми се фалеа колешки дека накој имал мала фирма и изработувале по нарачка па дали сте информирани ?
Не знам за кои свеќички збориш точно за со ружи, ама имаш во Дон и во Рамстор такви со бројки и не ми текнува во кое точно ама во некое од нив две во Ново Лисиче ги видов сите бројки, затоа што и јас барав пред некој ден свеќички за роденден па ги имаше сите бројки.
Ја видов чантава во темата -чанти, мн ми се бендиса, да не знае некоја од вас каде може да се најде нешто слично??...не мора од ск, може и онлајн ако ја приметил некој некаде :/
Ај ќе погледнам пак деновиве... Секој ден шо се викам сум во Дон па никако нема бројки што ми требаат, ама можеби донеле нови. Фала
200 ако не се лажам, ама повеќе сигурно не беше! п.с Во Певекс со Бисер-трговскиот ја видов, да не дојде до забуни
Имаше еден Баџе мислам се викаше јас правев кај него два пара штикли, беше во некое забутано уличе не знам точно да ти кажам пошо не сум од Куманово. А имаше и една продавница некаде во центарот, околу плоштадот и тие израбтувале исто така штикли. Па плус ако се со твоја кожа уште поубаво. А за квалитетот морам да ти кажам дека мене ич не ми се погодија, на едните ми се скрши штикла уште прво облакање после 1 саат, а другите се со криви штикли уште од правењето. Му ги рекламирав едните ми ги врати поправени дури и поштарина си плати човекот. Нив ги облеков неколку пати, а другиве само 2 пати. Ако имаш кожа гледај направи си ташна поубаво отколку кондури кај овие. Поздрав Едит: Еве ти и бројче од него 071 / 234 - 535. Ова е од пред 2-3 години се надевам дека сеуште му е истиот