Знам дека не е прашањево за овде, но нема слична тема. Каде се продаваат игли за плетење? Ве молам за брз одговор итно ми е
Јас имам правено кај баже ги имам 2 ипол години веќе и ептен ми се погодија , 16 цм им е штиклата а мене ми се едни од најуудобните ми се чини може да трчам у нив , кога ги земав беа малку теснички ама о 2-3 носења се раширија и ми се прилагодија и ги убив од носење и уште ги носам , иако многу се пожалиле од него мене стварно ми се погодија ептен . Друг што прави е Бисера мислам дека сега не ми текнуваше како се вика фабриката , таму не сум правела знам една другарка правеше салонки и задоволна е . Баже се наоѓа една уличка надолу од Гимназијата , а Бисера мислам дека беше на Моша Пијаде се вика улицата ама не сум сигурна , еднаш бев да разгледам да правам некако не ми беа последниот извик на модата штиклите , иако сега гледам зимскава колекција не им е лоша .
Има, во реонот на `бугарките` ако знаеш каде им се наоѓаат тезгите. 200-250 ден. во зависнот од масивноста на ланчето.
А јас од кога го пишав ова добив информација дека имало и по 100 денари... е сега не знам какви точно дали од потешките или не.
Тоа на Моша Пијаде е Лејди Шус , кај нив можеш да погледнеш и од нивните модели пошто имаат и своја продавница во центар веднаш над Најк а можеш и да им кажеш каков модел сакаш такви и прават а и кожни се
Има во една продавничка што се наоѓа кај Билна аптека,на таа автобуска.Нема само такви работи во продавницата има и облека(нема да те привлече,бидејќи се е така постаро),има и игли и многу евтини биле,мајка ми купувала од таму,секакви имало.
Каде можам да најдам широк џемпер-фустан? Има некаде во Скопје? Не мора да е на попуст. Вака нешто: Spoiler
Има на рекорд во Багат, околу 150 ден, додека поевтини има во една продавничка карши полициската станица во Битпазар.