Во мојот град нема,затоа прашувам за Ск пошо ќе одам натаму пред матурава а ми требаат такви прслуци оти некако не ми изгледа баш нај нај со прерамки за матура......ај ќе пробам ако не ги бива ќе купам со силиконски
Женски ајде малку хелп плиззззззз некаде овде по форумот прочитав за некоја продавница за шминки во турската чаршија ама немаше поточно објаснето каде се наоѓа.. .ако знае некоја нема ми каже,или пак ако знае некоја друга таква продавничка со солидни цени на шминките, молам да пише... ви багодарам поздравчиња
Молам за помош, пред некој ден купив елегантен фустан, сакам да го комбинирам со убава свилена марама по можност шампањ или златна боја, но не знам кај да барам..прошетав во некои продавници за бижутерија,има некои марами, но ми треба нешто поелегантно, не за секој ден. Некоја посебна продавница или место кај може да најдам? плс
провери во бутиците низ ск ,не секаде но често покрај гардеробата имаат и интересни марами има и во евроазија а можеш да проверуиш и во манија онаа за чанти продавничката скоро видов марами таму па можеби ќе најдеш нешто.позз сега јас да си прашам и плис ако некој знае видел,сакам панталонки така кремасти а да се горе како со фалти како широчки а надоле тесни е сега да не се од оние од тип како подмочана него највероватно ќе ме сфатите така горе поширочки како фалтирани....исклучливо кремасти сакам,и така ќе барам но некој ако може да ми олесни да ми препорача позз
Ќе се потрудам да ти објаснам точно каде има. Улицата кај AMSM кај тие кафичите што се Бенетон... е сега да ме утепаш не ми текнува како се викаше другиот. Епа на крај од таа улица пред да се спои со Иво Лола Рибар имаш едно продавниче, мало е, за марами и такви работи. Таму има сигурно и се околу 800 ден тие поубавите. Се надевам дека ти објаснив каде е, ако не кажи да објаснувам на друг начин.
Ми требаат некои патичиња за во теретана,значи ништо посебни(со врвки,со лепенки сеедно);онакви како волнени греачи за нозете долe и некои 3/4 тренерки (до колена што се) знам дека 100 работи изнаброив,ама ако знаете за било кое парче, пишете ми феминки..фала
^^^^ Греачи, во терра нова, во фиори, и најефтини во Џамбо, а тренерчиња и патичиња обавезно наоѓаш или во раннерс, во трговски, или двата аутлета кај Борис Трајковски
А Енца,да не знаеш колку отприлика се движат цените на патичињата,за да си го направам есапот и фала ти мн
Ве молам цурки, ако знае некој да ми каже каде можам да најдам црни хеланки лаковани, оние баш за искачање?? Ако знае некоја ве молам нека пише, итничко ми е.
На другарка за роденден и купивме од Њујоркер исто само црно беше околу 300. Ама сум гледала и низ бижутерииве низ градов. Мислам да побараш имаш едно 10тина низ гтц сигурно дека ќе најдеш. Во Њујоркер беше тоа есента, не верувам сега да има, ама ако ти е ус пат провери си, да не испадне лажам
јас знам за една што се наоѓа помеѓу едниот и другиот дел од пазарот кога се иде од чајшија накај пазарот од десна страна,поточно спроти театарот за албанци, а за во чаршија не знам. поздравче
девојки кажете ми каде низ градов можам да најдам некоја квалитетна ташна со средна големина, да е до 1000 1200 денари?