Слични вакви во Мана имам видено на нивната Фб страна, ако те носи патот накај Шутка има сличи и таму.А крзнениот елек во Мана е 750, јас во Шутка минатиот викенд 500 го земав. https://www.facebook.com/MANAfashion.
Во аптеки би требало да има или побарај во ДМ и некои поголеми такви продавници. Каде да најдам црвена кошула (секаде видов само бордо,ама ми треба убава црвена боја и да е од оние проѕирнине) без ракави или со долги ракави? :geek:
^ A да не случајно сте виделе и најобична бела кошула (непроѕирна) натаму, низ Калиопе, Теранова и ним сличните? Знам дека отеков со таа бела кошула, ама мора под итно да се искомбинира со бела кошула новото бордо џемперче, оти легнав болна. Го нема, сум го барала насекаде милион пати. Штета, преубаво мириса и многу долго трае мирисот на кожа.
Вчера бев во евроазија не видов нешто такво. Ама мислам дека обични има низ тие продавничките како елит, еко и тие другите горе таму што се.
Бела не видов ама видов преубава црна, струкирана, нормална, со класично закопчување, каква што барам веќе цела есен а штом има црна мора да има и бела Цената беше 900
Ееееј Мишелке, криво ми е што не пишав на време, јас во Принципе во ГТЦ видов бела кошула, ама пред 2-3 недели беше тоа, баш ми текна дека ти бараше кога ја видов , реков ќе пишам во темава истиот ден ама скроз изумив. Провери и во ЕвроАзија во Веро центар/Сити Галери/ГТЦ, сигурна сум ќе најдеш во тој џумбус.
Ќе проверам јас насекаде каде што ми кажавте иако не се надевам баш многу дека ќе најдам. Во ЕвроАзија во Верото имаше и баш скоро гледав, ама беше ХL (ако на некоја ѝ одговара бројчево да си знае), ама јас пливам во L, а да не зборувам за оваа големава бројка. Се разочарав ептен тогаш и не сум побарала. Затоа и пак прашав. Фала ви, да ми се подобри ситуацијата во новчаникот ќе почнам да барам.
[attachment=0]IMG_77336264732759.jpeg[/attachm Вакво елече не мн скапо ,како тие во мана што беа има ли на др места?:/во мана ги нема веке...и има ли убави работи во шутка?планирав утре да одам ,никогаш несум била освен еднаш пред неколку год.набрзина ..фала однапред
Дали на женски пазар има големи, масивни ланчиња како огрлици? Еднаш имаше голем избор на бижутерија. И цена ако случајно знаете.
Во бутик Афродита Кригос има вакви,баш на една феминка претходно исто прашуваше за вакви елечиња и кажав,најди ги на фб имаат слики.Можеби има и во шутка,би требало.