Мислам дека слично нешто имаш насекаде.Провери си во поевтинките,као Бершка,страдувариус,Њу Јоркер,Теранова,Калиопе,Евроазија.... И онака успат,застани во некој помал бутик,верувам дека баш во тие случајно ќе си најдеш.
Во Боди Лајн има иста ваква, само плисирана е. Преубава е, горниот дел е нешто налик на кожа, а материјалот на сукњичката е преубав. Паѓа баш до коленици, мислам дека е доста сличен на моделот кој го бараш. Мислам дека беше околу 1000, поточно, 900 или 990 денари. Не знам како беа со бројчињата, но мене ми изгледаа малку чудни - S ми беше премногу широко. Провери си, можеби има останато.
Види во Pull&bear. Или во било која продавница во City Mall од групацијата на Inditex. А мора да има и во Евроазија нешто слично.
Може да најдеш нешто слично во Бутик Еми. Бутикот се наоѓа најгоре во трговски, му доаѓа спроти Журнал кафичот каде што беше Цена- краткиве негде беа 1500, 1700, 1800..Нема поскапо од 2000.
Вакви слични имаш по продавничкиве кај Бит-пазар на автобуската што се. Не ме држи за збор, али мислам дека не беа повеќе од 1800ден.
Немам многу време за шетање, барам скај чизми со просечна штикла, и најважно да се над колена. Каде и колку?
Малку офф топик ! Која беше страната каде што постираа слики од уличната мода во Скопје и др.градови низ Македонија ? Ви благодарам однапред