Руби каснам малку...ама не сум видела, имаш тренерчиња по 600, 900...патичиња ќе најдеш, од 1500-600 нагоре....
Девојки, идеја каде да си најдам фустанчиња за на работа? Значи должина до колена, малку над колена. Под колена не ми стои, ме издолжува многу. Боја не е важно, дезен исто неважно (може клот, може и шаренко), модел тесен широк, а форма надолу... Значи секакви Не сум видела баш низ градов, а денес баш се мислев одсабајле што да облечам, па кошули, сукњи, фармерки, панталони... Вака најлесно само фустанчето, хулахопки, кондурки, нешто накитче и крај! Видел некој негде и цена можеби?
Во Терра Нова видов пред некој ден, црно, едноставно, со ракавчиња малку пумпарести горе на рамена, онака ко што се сега во мода, таа должина што ја бараш....мислам дека може со се и сешто да се комбинира...мн ми се допадна мене, после одам да си купам ако има уште...многу ефтино беше, околу 1200 денари...
Хмм вака во Bella (ГТЦ прв кат до Кино Милениум), Васидора, ќе одиш од задната страна на ГТЦ почнувајки од продавницата на ќошот до Змија кафичот, па до крај до ВИП Продавницата и таму има фустани, а пред ВИП во истиот ред продавници покрај кафичите се наоѓа една на М се вика во таа продавница има прееееееееенајубави работи за на работа и многу фустанчиња последното фустанче за на работа од таму ми е а истата продавница ја има и во ТЦ Бисер на вториот спрат. А и во Бисер има многу фустанчиња посебно во подрумот од десната страна има 2 близу до Форнетите, и од таму си купувам некад стварно се преубави. Во ГТЦ имаш и до Ботони продавницата за фустани ама скапички се околу 3000, со тоа што истите ги има и во Бисер сум ги видела за 1000че поефтино. Е сега ако ти е длабок џебот ќе одиш и во Манго и таму има за 4000/5000/6000 фустанчиња. И го заборавив Креативо тоа е продавница во ГТЦ приземје меѓу Божиновски и пред Спринфилд. Абе има избор колку сакаш јас обожавам да шетам и барам облека, вие на готово сакате. Оди прошетај имаш многу продавници со фустани со прихладна должина. Еве го фустанот мој од таа на М продавницата од ГТЦ а и во Бисер што ја има Spoiler Со тоа што јас сум висока 180, значи ако си пониска и подолг ќе ти е фустанот, мене сите фустани пократки ми се
Росонерка фала ти на извештајов! Со вака добар опис, ич не треба да шетам низ град да барам. Не дека несакам да одам низ продавници, ама некако периодов сум мрзливка Утре петочки таман ќе се рашетам и се надевам ќе се вратам дома спремна за понеделник
Абе жени не ми кажавте за салонките розеви ништо.... Видела ли некоја?! Многу сакам бе пааа... Едит: Патем, вакво палто?! Ваква боја де? Anyone?
За палтото. Во спронгфилд во грц видов вакво нешто, ама поспортска верзија. Ова ми е некако ептен елегантно. И тоа не е спортско де, ама поспортско од ова се надевам ме разбра што сакам да кажам. Бојата е таа, па можеш да си провериш дали ти е по вкус Во tajil wail имаше вакви ама ги гледав периодот околу нова година. Не сум била во скоро време и незам дали ги имаат уште. И во шевињон имам видено вакви ама цената прилично солена
Ах само да те информирам овој модел е Зара и тоа од ланската рано пролетна колекција. Јас кога дознав се залетав во Зара и ги немаше одма беа купени. Кај нас слично ама темна боја кафена и црна имам видено во Office shoes го има во ГТЦ негде во редот на манго накај кино Милениум и во Веро Центарот ја има оваа продавница. Тој модел е најсличен со овој на сликава како модел. Реално тешко моделов да го најдеш. А почекај догодина јас мислам дека моделов со врвци ќе го има во секоја продавница
Фала Алис, ќе проверам А инаку Роси до година кога ќе стигнат кај нас,на целиот свет ќе му бидат досадни
да не знае некој каде има некои убави фустанчиња за искачање? ама да не се прее скапи и да не се многу џиџани и нападни
Па какво го имаш замислено? Може да постираш слика нешто слично ако најдеш, или барем обиди се објасни, инаку ако да знаеме што да ти предложиме?