denes go proshetav skoro cel trgovski. barav fustanche za nova godina ama nigde ne najdov, ima vo calliope po 700 ama mene ne mi se svigjaa
Сенки за очи,како белата-основната,да светат Без разлика дали е палета со повеќе бои или посебни сенки,ме интересира само каде можам да најдам,и по која цена одприлика
Има ваква бела светкава од Есенс,имам видено ама не го знам името/бројчето.Провери,побарај во ДМ имаш козметика на Есенс.
Каде би можела да најдам копчар? Ми требаат копчиња за елегантен фустан обложени од истиот материјал како фустанот, како оние на венчаниците... Или можеби да ме упатите каде може на друго место да ми ги направат...?
Каде можам да најдам црни панталони со кожни елементи во Ск, не сакам скроз кожни да се. Нешто слично на ова
Не знам дали ти е важна должината, имаше кратко тесно здолниште во New Yorker. Јас барам фустанче/туника и ракавици со таков принт.
Благодарам, но не сакам мини, него нешто до колена. Па и фустан нема лошо да ми дојде ако најдам ќе те информирам, ако најдеш ќе ти бидам благодарна да ме информираш.
Шпицести црни штикли до кај 1000 денари? Лани знам имаше во продавничките во Кисела Вода, па сега ако е некој известен дали има уште? Или среќата Бит Пазар да си ја барам?
Ако не се на попуст тешко да најдеш до 1000 денари. Околу 1500 се движат, барем во оние накај Кисела Вода, за Бит Пазар не сум информирана.
Во Шантел (ГТЦ), мислам дека беа 1200. Провери дали уште има останато од црните, јас кога бев пред недела дена имаше. Само не знам дали ти е битна висината на штиклата, не беа нешто мнпогу високи.
Се продаваат ли уште такви кратки корстени (топ), знам дека имаше во Бершка летово ама дали има уште таму или на друго место?