Има во Calliope, во комбинација со темен тексас. Видов денес во Euroasia, има останати неколку моделчиња, но треба да расчепкаш. Не знам дали ги има во сите продавници, конкретно јас ги видов во онаа во ГТЦ. New Yorker, Calliope.
Нешто слично вакво крзнено елече(ваква боја) Немам шетано ич,па би замолила да ми посочите каде со сигурност има да си купам утре
Каде има шеширчиња црни, кафени, со пристапна цена? Денес видов во Сити Мол 700 денари ама скапо ми е некако
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 7276_n.jpg Вакви, не мора исти, имате видено некаде? и цена ако може )
Јас имам таков комбинизон, го купив во Евроазија, ама тоа беше пред две години некаде.. Види во Евроазија во ГТЦ, таму имаат се и сешто, па може им останал некој од овие комбинизони не продаден.
Видов вакви во саботата во Caliope, ама не знам колку пари беа.. Мислам дека се над 100, освен ако има попуст на нив. Инаку, има до 50%попуст во Caliope и TerraNova, ептен е евтино!
Вакви модели на фустанчиња , не мора оваа боја и може и пократко битно да е тесно и уз тело а да не е она баш памучно него ваков нешто материјал , како онија во Зара што ги имаше
баш исто какво што сакаш еве го мана фешн еве ти и линк од бутикот а замисли фустанот е само 650 денари https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater
Ти благодарам , ќе проверам , но до сега во Мана се од 36ка имало најмало бројче а проблем е што јас носам 34ка понекогаш и 32ка и многу ретко ги има , ама ке проверам за секој случај може ке се најде некоја 34ка
кажаа дека s, m , l мислам дека ке си најдеш само побрзај бидејки е толку ефтин не верувам дека ке остане, а ако не најдеш во мана мислам дека во аванти ке најдеш
s е 36ка и ми е големо затоа никаде не можам да си најдам , најчесто и сериите почнуваат од s а не од хs ти благодарам во секој случај
Жени во птрага сум по ваков плик ама никако да најдам ама баш ваков ми треба се шинав од барање.Ајде ако знае некоја нека јави
Mama25, дали имаш побарано во Типтап, доле во Рамстор што е? Паметам дека таму имам видено лаковани плик ташнички, а и ептен евтини беа
Не сум била во Типтап.Се откажав од потрага по евтина само да ја најдам во скоро време. Фала на инфото ќе проверам