Каде можам да најдам вакви или некои слични на овие? Ги најдов на страната на Бершка ама ги нема кај нас изгледа..
Дали некоја што била скоро во Модатекс-Охрид може да ми каже дали ги има сеуште овие каиши? Ако не, каде на друго место ги има битно ми е да е златен.
Во таа бижутеријата во сити мол, не знам како да ти објаснам поточно, мислам дека е кај котон одма до ескалаторите за во гаража. Јас земав ваков само потенок пред месец дена ама има и подебели и не беа многу скапи
Убави и (стварно) големи чадори има во Џамбо, квалитетот е приказна за себе ама па за 200 ден и да го носиш неколку месеци се исплати Исто така имам слушнато за некоја продавничка во Буњаковец трговскиот каде имало многу убави, штосни чадори ама не знам каде е точно
Да се надоврзам на муабетов,не знаев каде точно да го ставам постов,па ај овде Пижамчињава се од пренди 220 ден. само долни.Па кој сакат со време нека си земат,јас утре по уше едни одам,колку се меки и топли,сегде барав ваков материјал ама и на ебау се над 1000. п.с. Незнам дали е доловен материјалов ко кебенце меко се
Каде да си купам најобични маички по кратки ракави што го покриваат задникот? Ми требаат за вежбање и важно ми е да се од добар и пријатен материјал. Секаде каде што разгледав се кратки.
Сакам да си купам обични фармерки што ќе ми одговараат на се.. Знаете ли каде има на попуст нешто? нешто како овие ми треба Во Скопје сум до недела, па ако можете да ми пишете побрзо, па утре да прошетам