Јас сум ... сиромашна во тоа поле. 70-ка или 75-ка Б ми е баш како што велиш ти, научна фантастика да најдам некаде ама да биде стварно добар прслук со пуш-ап и со тие салтанати за да се добие убаво нормално деколте. Мене ми падна во око еден бел - се зачудив, ама ете и таму имало понекогаш нешто нормално. Баш најобичен без чипки и светлуцави циркони и мое бројче беше, ама да беше барем пет стотки, без размислување би го купила. Ми се сврте во глава кога му ја погледнав цената. Ако имам среќа, ќе се пофалам.
Пепито убав материјал, не сакам да е растеглив, само такво здолниште најдов ама сакам поелегантно да е. Било што, здолниште, палто, панталони некаде?
Во Њујоркер и Тера Нова поточно во Сити Мол продавниците за облека,попусти има ли? Сакам фармерки и некој дуксер да земам и нешто што ќе ми се види убаво.
Дали ќе може некој да просветли и да ми каже каде можам да најдам лептир машки машни со пристапна цена?
Дечки не ми се верува ама пак да си прашам, можно ли е некаде низ Скопје да се најде палета со сите бои? и по која цена?
Umbrella22 да прашаш во тие графичките продавници,како што се ПроГрафика,Весна графика и сличните.Можно е да имаат,иако не ми се верува многу,провери сепак.
Да не знае некој каде можам да си најдам вакво прстенче како ова со стрелава, а не мора и баш исто со стрела може и со нешто друго, само да биде слично како ова ? http://data2.whicdn.com/images/95398353/large.jpg
Женски прашањево е 1000 пати повторено,ама ме интересира дали сте виделе негде последниве денови кожни хеланки и по колку се движат одприлика?Фала однапред