девојки, пак јас, каде да најдам најефтина варијанта на шпиц чевли? некаде до 1,000 денари да се, ви благодаррам.
И јас сакав сега да прашам до 1000 ден , лаковани по можност да се , во аванти да не знаете која цена се?
А кожни пантолони? Значи цевка,со џебови по можност, освен H&M, во скопје некаде? Се што сум видела хеланки се досега.
Како првата ташничка, имаше во Страдивариус жолта. Провери ако има останато и секако ако ја носиш таа боја.
http://static.bershka.net/4/photos/2013 ... 3368643713 Дали некој го има видено фустанов во bershka во city mall?!
Кожно најобични панталони црни имате во Котон 1000ка се, а не се лоши. Хеланки кожни, во различни стилови и бои имате во Њујоркер за 669.
Конкретно, знам дека Теранова и Калиопе работат А во Сити Мол има попусти ама не е дека нешто се прекршиле од поевтинување...
Лудило се со попустиве Во еден бутик , да не именувам кој, пред 2 недели една кошулка беше 1600, а сега ценава ви се молам 1800, па одоздола напишале 1400, и кој попуст го имаат ? Никој!!!! Срамота
Убаво им направија кога ги казнија пред Нова Година за лажно рекламирање на попусти ама ете, си тераат по старо...
Каде може да најдам убави хеланки- како тие што се носат, квалитетни, само не сакам кожени, може малку кај џебовите да има кожа и убава бела широка кошула која не е преширока и не стои како торба- сите што ги пробав беа торби.
Каде можам да најдам кожна јакна,и ако некоја знае по колку чини одприлика нешто како овие : * http://www1.macys.com/shop/product/inc- ... lotId%3D12 * http://www.asos.com/Oasis/Oasis-Leather ... &clr=Black * http://www.asos.com/Whistles/Whistles-L ... &clr=Black * http://www.asos.com/New-Look/New-Look-R ... &clr=Black Благодарам однапред
Ќе се цитирам зашто најдов преубави кожни хеланки во Калиопе за 399. Да не останам покусо си купив и јас, имаше броеви од XS до L, што ме зачуди зашто беше голема разграбаница, голем попуст има на сите облеки. Ама не со обични кожни, туку многу се штосни, од напред се кожни, од позади се дебела хеланка сина, преубаво стојат и плус на газот дека е материјал не го поти како оние целите кожни. Попријатни се за носење. Во манго исто има кожни,интересни, со исто дел од мек материјал, кај препоните и кај задникот, ама беа поскапи 1500 мислам, ако не и повеќе.
Одговара ли бројчето на тие xs навистина за xs пошто у теранова и калиопе некако и најмалите броеви како да одговараат за минимум бројче ипол поголеми да се ?