Лара јас сум далеку од ХС, ама мене Л ми се фати таман, како за кожна панталона, крут материјал, ама дека има халанка од другата страна, пак мислам има простор малку повеќе за ширење него другите обичните. Мислам дека им се стандардна големина, не се премали или преголеми. Штом мене ми се фати ептен добро Л и не ми беше тесна ич, мислам дека и С и ХС ќе си бидат како што треба. Најмногу од се ми се допадна материјалот на кожата, ќе го видиш ако одиш, не изгледа ептен пет парачки како во теранова, пренди и остали, добра емитација е, фина, посебно за тие пари, мислам дека ќе си ги изнаносам. На попуст беа од 999, на 699, па на 399 како последна цена ако памтам добро. После тие од Манго, најубави кожни халанки кои ги видов во градов а за ниска сума.
Такви обични црни хеланки има во теранова ,а исто и во Њујоркер има, половина кожени(мислам од позади или од страна). И двете не се повеќе од 1000.
Ти благодарам, мене обично теснење ми треба не ширење ама одамна сакав да си земам такви напред кожни позади хеланка бидејки имам целосно кожни а кожата бидејки е покрут материјал и не стојат баш како овие комбинираниве
Mногу убави кожени јакни има во Манго, над 5000. Ама квалитетни се и ќе ги изнаносиш, но зависи и колку пари ти се даваат. За поевтина варијанта побарај низ чаршија.
Делимано 650 денари мислам дека беа и со други калапи за торти има и комплет Прекрасни се http://www.delimano.com.mk/se_za_pecenj ... afini.html
Спрингфилд-ГТЦ имаше исти вакви, цена 1799 денари, превртена кожа беа мислам. скејтерски здолништа имаше и во теранова, и во Калиопе, и во скоро секој втора бутик, не поскапи од 600 денари. Зара, Бершка, Страдивариус исто имаа вакви, само ценита им беа поскапи од 10 евра.
http://1.bp.blogspot.com/-ICxJzALsEfg/T ... eraser.jpg дали знае некој каде во скопје ги има овие два коректори и која им е цената? (едниот е garnier а другиот е maybelline)
Каде во Ск можам да најдам квалитетнна ташна што ке можам да ја носам подолго време,поголема,црна,секаде што ке можам да ја носам,ама да е 500 ден.,повеке не можам да си дозволам!?
https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/ ... 4826_n.jpg кај можам да ја најдам ? назнаев каде да прашам