Карши женски пазар малку подолу имаш едно како за хулахопки од предната страна , до него има едно за накит и тракатанци на скалички е , откако ќе го видиш тоа до него имаш еден пролаз и веднаш во пролазот е ова за нитни , вака ти објаснувам а да се ориентираш пошто ова за нитни може нема одма да го видиш . Јас кога бев имаше 3 величини и сребрени и златни .
Сега и јас ќе прашам, ама за Битола и поконкретно бордо или црна ? И колку се движат цените одприлика ?
Прашањево малце глупичко е ама ќе си прашам.. Spoiler каде да најдам гел за дезинфекција? во поголемите маркети немам забележано
Мислиш гел за дезинфекција на раце? Има во сите аптеки и во Веро Центар,таму кај сапуните. Овие ги имам забележано кај нас.
Во сите парфимерии, во Космо, во Дм, исто и во аптеки имаш исто, Зегин е доста снабден со вакви можеш да си најдеш и повеќе типови. Јас го користам тој од алкалоид медицинскиот, солиден е, само не знам колку чини. Имаш џебни, помали тубички и имаше поголеми пакувања, зависи што ти треба.
Исти вакви без апликации и други тракатанци видов пред недела дена во Бершка (бела, бордо, плава, црна), 799 мислам дека беа. Во Сити мол во Бершка, Страдивариус, Њу јоркер имаш и за 1000 и подолу (на попуст) убави и квалитетни модели на фармерки.
Страдивариус, ист дезен само поразличен крој (како класично капутче). Цената беше околу 3.000 пред да почнат попустите, сега сигурно е поевтин
Ваков ист ама ист само малце горе копчињата му се различни видов во гтц на првиот кат е сеа заборавив како се викаше продавницата али ако знаеш каде е аванти ресторанот и мислам дека е спроти него или два три бутика подолу (знам ич не сум добра во објаснување али се надевам дека ке ти помогнам)
девојки некаде да не сте виделе ваква сукничка и/или корсетче? Сликите ми се од бутикот Енџел во Бисер ама таму веќе нема се продале сите, па сега барам некоја алтернатива, ептен ги бендисав. https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/ ... 8003_n.jpg https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/ ... 2453_n.jpg
https://www.facebook.com/TallyWeijlSkopje/photos_stream погледни овде или посети ја продавницата, најверојатно ќе најдеш нешто во кожа.
дали знае некој некоја продавница за женски кошули или блузи за на работа но да не се многу скапи. ви благодарам