Јас вчера купив од Катина во Охрид. Сега незнам ти каде живееш ама види по бутиците, скоро во сите имаат такви
Баш слични као првото гледав у Еко/Елит у трговски, не беа поскапи од 1,000. Ми се чини 950 беа, али ич не ми текнува точно да ти кажам право, само имај у предвид дека не се скапи тука. Го гледав на Арабеска штандот што беше у Сити Мол, периодов го неам заприметено, ми се чини со штанд на Рефан го имаат заменето, врска неам каде има Арабеска штандови на други места, освен продавничката што им е на Булевар Климент Охридски, може сум забележала некаде али не ми останало у сеќавање, така да доколку некој има информации нека ти пише. Друга варијанта ти е да си порачаш од Али Експрес за ич пари. Корсет ваков во Белисимо во Трговски барај, премногу сличен на тој, не беше над 1,000, некаде околу 800/900 денари беше. Додека вакво фустанче кожено цело, со корсет имаш во Бершка, 1300 денари. Во Сити Мол на втори кат, до LC Waikiki има отворено пред скоро продавничка за идни мамички, прееска на поминување ѕирнав што како има, има вакви модели да знаеш, башка као што можев да видам беа и на попусти некои. А ако сакаш помодерна варијанта, и не до толку апла трудничка кошулка, во Калиопе има бели широки, 500 денари, со украсена јака, крајно слатки и прекрасни!
каде има тексес панталони со висок струк и колку се? и да има бројчиња хаха http://www.styligion.com/media/catalog/ ... male_1.jpg http://picture-cdn.wheretoget.it/yhd1bx ... -jeans.jpg
Има во Страдивариус, 1800 денари, а доколку ти се даваат пари, во Манго има апла со висок струк, скроз исти како од првата слика, тие се 3,000 и нешто.
^^ И во Зара исто, 30 евра беа, мислам дека и кај нас ги имаше, убави беа фармерките, вредат за парите.
Eј да, има и у Зара за некоја стотка поефтини со попустиве, 1500 се тие со висок струк, баш пред некој ден ги гледав, али сеа скроз ги изумив. Исто ѕирни и горе во трговски во Еко и Елит, гарант наоѓаш нешто до 1,000 таму.
по 400 , 500 се во шутка а во бутиците низ центар дупло поскапи исто имаш ако нејкиш шутка да идиш во бутик стефанели во ново лисиче по 650, и на бит пазар има но изборот е мал
Каде можам да најдам...? Јас сакав да ве прашам каде можам да купам вакви папучи т.е ваков стил на папучи: http://teleprograma.fotogramas.es/var/p ... rtrait.jpg https://encrypted-tbn1.gstatic.com/imag ... X5V0Zn5QfT Нешо у стил повисоки залепени нагоре подолги ама за секоја пригода , ко летни нешо.. ја сум бај д веј од Скопје али немам негде забележано.. А инаку исто барам и маица таква ко на Емилија Аттиас на првата слика што ви ја пратив..
Гледав во Њу Јоркер сличен сеа брзо, мислам колку што забележав дека беше 1000 и нешто, ама знам дека не беше повеќе од 2000.
Јас видов во Пренди, на поминување бев, околу 450 денари Ама со животински принт, леопард, зебра, панда
Некое убаво капутче? Гледав во New Yorker во Сити Мол, но тоа беше пред Нова година. Дали сеуште има, и која цена се?
Бершка, имаш од 600 - 800 денари, обични црни, без никакви додатоци. Само побрзај, со попустиве ги снемува за кратко.
Најубавите темни тексас фармерки, со висок струк и многу, многу тесни, си ги купив од New Yorker пред Нова Година. Тенки се, но беа 690 денари. Малку беа скриени, во New Yorker-от во Веро беа спроти долниот веш, зад едни други фармерки, и имаше уште само 3 пара, а во оној во City Mall едвај ги најдов, лево од влезот беа, и таму имаше повеќе останато. Бројчиња имаше до 42ка. Видов и во Calliope вчера, од новата колекција, но не беа класични, туку со некои нитни и искинати делови, но можеш да провериш Има капутчиња во New Yorker, повеќето се на попуст. Цените им се околу 3000, има и поевтини, но квалитетот не им е многу висок, материјалот им е груб, и многу се гужваат. По слична цена има и во Bershka, а поевтини има и во Euroasia. Ако јас би купувала убав капут, би инвестирала во еден, но вреден капут од Мак Примат. Ако си спремна да дадеш 3000 за капут, дај уште 1000-2000+ и носи мек капут од солидно производство. Има многу избор на бои и модели, а ако ти е голем и го прекројуваат на лице место.
За тие со повеќе финасии спремни за капут, во Сисили има прекрасни капути, плус преквалитетни, 80%волна, 20 посто кашмир за над 7000денари. Тоа е капут во права смисла на зборот, и изглед и квалитет и топлина. Штета што се скапи, и што немам ни пола од тие пари, ако остане некој мој број до Февруари без размислување ќе си купам. Втора опција Макприпат и Тетекс, со тоа што Тетекс има престари модели, ама 100 посто руска волна, мајка ми има еден 5 години го носи, како лани да го купила а не пред 5 години. Макпримат не можат со квалитет на Тетекс, ама па затоа има и за 3000 не лоши капутчиња, што може да профураат, 3-4 години. Останатите марки, не Манго, не Зара, не Бершки, Њујоркерки, Котони итн. се претенки капути, полни вискоза и полиестери, претентки и неквалитетни, а Скопје како што знае да има микро клима, зими кочан, нема да ве стопли. Во Њујоркер јас начекав едно 30посто воленено со кожни ракави за 1300, што е џабе, ама претенко е, на -10 како гола ќе се осеќам.Ама за сега како што е топло невообичаено е топ. Евтини а не претенки имаше во Спрингфилд, од 2000 кратките, долгите 3500, со по 40-50 посто волна. Исто и Мотиви. Јас се водам по едно правило за облека т.е конкретно за чизми, капут и ташни вреди да се даде повеќе пари, ако сакаш да ги носиш повеќе години. Инаку колку пари толку музика. Капути од 1500 денари, се знае колку им е векот, а за топлина колку држат муабет да не правиме. И тоа јас не сум ич зимурлива, зимно време носам три-четврти ракави, ама капут топол мора да се има.