Ваков деним и исти вакви штикли (без астрономска цена на нив), низ Битола/ Скопје? Сличен модел на штикли имам гледано во „Уникат“, но последен пат кога бев пред неколку недели имаше останато само лаковани или 8ки, а мене ми требаат минимум 11ка, така да Битолчанки не ме праќате таму.
Жени, кажувајте каде да најдам парка? Сега со попустиве се наоѓа ли некаде? Сакам одма да си купам, не ми се порачува од нет, не ми се чека Не мора да е војничко зелена боја, може и крем, кафеавкаста и слично, само црна да не е. И најбитно ми е да има врвки на половината за да може да се затегне и да НЕ е кратка до под гз, туку да биде така подолгичка (и да има мали бројчиња ). Вака нешто: Spoiler
Има една во Бершка, еве како изгледа: http://www.bershka.com/webapp/wcs/s...32/Bershka+imitation+leather+detail+parka/548 3,890 денари е, има врвки, и подолгичка е прилично. Ја гледав пред некој ден и кај нив во продавничката, супер е стварно. Имаш исто така прекрасни во Манго, цената им варира од 5 - 10,000 денари, троа скапички овдека, значи ако ти се издвојуваат вишак пари, Манго е секогаш тука! Значи ова се варијантите што ги исполнуваат твоите услови за идеална парка . На сите останати места што имам гледано, парките им се нешто налик на кратка јакничка.
Високи црни чизми на дебела штикла за цена под 1000 може да се најде негде со попустиве? До сега што гледав се се со цени од илјада па нагоре
не многу дебела штикла но сепак згодни за цеел ден! во гари кинеската имаш по 500 и по 650, јас земав едни до колена една до зглоб, стварно се згодни
Знам за во Манго, ги гледав, ама како да ти кажам... 10.000 за пролетна јакна немам намера да дадам Оваа од Бершка ми се свиѓа, не е лоша, ги има сите карактеристики на мојата замислена идеална парка Ќе видам и во Њујоркер, и таму имало, ама некако тие со квалитетот не ми се баш нај нај. Фала ти
Фала ти Може ли да ми кажеш во која гари ги зеде,онаа во трговски не ми е баш снабдена и дали се вакви отприлика
Жени има ли шанси да најдам кај нас вакво сако со поголем отвор или џабе барам Мора да биде џиш црвено. Никако неможам да најдам веќе подолго време барам во краен случај би се помирила и со бело само кажете кај има ми се одмили вече да барам,цена небитна
Некои вакви чанти, со средна големина? Ни многу малечки, а ни големи, и да имаат поголема рачка за носење на рамо. Шетав низ Сити Мол денес, но не можев да најдам. Spoiler На последната слика, како двете од десна страна што се.
Ми требаат вакви чизми најскоро што може а немам време да си барам. Ако некој знае во Скопје каде да најдам нека ми пише. Поздрав