бил некој скоро до аутлетов?? барам патики убави за вежбање... вака нешо? едит: и која цена одприлика?
Девојки во Њу јоркер сте ги виделе капутчињава или сеуште ги нема кај нас? Последниот пат кога бев не ги најдов сега ги има или? И како стојат со цени на јакните/ капутчињата? Намалени се или? Посебно ова второво ми е убаво
Сексибејби јас си купив скоро идентична од Бенетон, иста боја како на сликата. Преквалитетна и многу убаво моделче. Е сега не знам до која цена бараш, овие се соленки прилично, ама па знам дека ќе ја носам добри 4-5 години, одошто да ја фрлам наредната сезона или единствено за до трафика да ја носам. Мислам дека и во Рамстор низ бутициве заприметив таква слична, ама не можам да се сетам во кој бутук. Ако се сетам веднаш ти пишувам, ама не е голем Рамстор можеш таму да си разгледаш.
Чисмичките УГГ ги има во Мис шус во Лептокарија, има побвеќе модели по 600 денари се. А вакво палто си куив од Котон, ама моето ракавите се како кожни
Артемис пошо и ја барам такви чизмички ке може ли да ми објасниш кај поточно во Лептокарија.Фала ти однапред
Oд страната на Партизанска коа гледаш, одма тука е во првиот ред, ми се чини до салон на T-mobile или Vip, не ми текнува кое беше. Значи прва е, на ќошот се наоѓа.
Девојки, да не сте виделе тексас шорцеви останати низ продавнициве во Скопје? Итно треба да си купам.
Знам за во Манго имаше Лепа постирано капутче дека има купено од таму ако добро се сеќавам, ама јас прашав конкретно за во Њу јоркер. Манго некако цените им се пресолени за вакви работи.
Штиклата им е потенка инале тој е стилот да, некои имаат машничка, некои ремче, едни беа скрос обични вакви.. овие изгледаат и поскапо, види во гари во скопјанка јас од таму земав, а во гтц затворен беше дуќанот
Незнам дали за тука ми е прашањето ама бидејќи е 'Каде да си купам?' ,тука ќе го поставам. Каде можам да најдам/купам работи со тема Супермен,ама да не се премногу детски ?
Не сум била одамна, ама има(ше) продавница во ТЦ Скопјанка, долу на приземје, гледа накај булеварот. Другата беше во Турска чаршија, од стоковната Мост нагоре, по угорнината, кон Свети Спас, мислам Евтинија се викаше продавницата...