каде да си најдам некоја ваква суќна и ваква боја, имаше слични во бершка ама нема веќе...многу сакам ваква, а и комбинација ептен ми се допаѓа
Летово сум на повеќе свадби и сакам да носам штикли ама како овие. Каде има вака убави штикли ама до 500 денари?
Барам фустанче со светки. Црно или златно.. Како на сликиве подоле. И тоа во брзо време треба да најдам на свадба сакам да носам такво
За до тие пари имаш во тие кинеските продавници Гари. Квалитетот е колку пари толку музика, ама ако не носиш често штикли и не ти се инвестира во квалитет, со оглед на тоа што бараш до таа цена, ова ќе ти заврши работа баш задоволително.
Знае ли некој каде можам да најдам исцело пижами. Нема горен или долен дел туку се заедно. Пример вака
Леле како ви е комотно во такви пижами да спиете Па ова да ти се иде во вц на ладното, ќе смрзнеш, треба целосно да го тргнеш и горе за да се симне.. Да не сум офф, каде може да најдам лажна крв? Од таа за маскирање што е, вампир да будем
Во трговски карши O la la, во продавничките со облека, гледав таму. Е сега, тука на овие модели немаше апсолутно никаков попуст, додека исто светкави фустанчиња имаш на попуст во Бершка, за 800 денари. Црно нема, ама имаш некое од видот крем, со златен отсјај. http://www.bershka.com/webapp/wcs/s...es/155117/3343519/Bershka+sequinned+dress/613 http://www.bershka.com/webapp/wcs/s...es/155117/3343518/Bershka+open-back+dress/641 Spoiler (копирај ги линковите, потоа пастирај ги во делот за адресата,така ќе ти се отворат)
Има во city mall на втор кат во Tally wail јас баш од таму си купив за нова година светкаво само шекерна боја ама имаше и тегет и црна боја фустанчиња за 1500 ден. го купив