Нема, јас бев пред некој ден, имаат попуст на се, освен на ташни, не се салам, ама и јас не сум, ја сонувам со денови таа една...ме прогонува, ама само ако ја купам, ќе виде она.
https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/ ... 4096_n.jpg Во Гари кинеската вакви има, незнам дали ги има уште , има уште едни слични на овие без платформа се ама мислам дека тие се ептен ниски.. можеш да провериш ..
Па и не е баш така, барем во оваа кај мене имаат накачено цени. Ефтино наоѓам само во кинеската во Чаир, само ме мрзи таму да одам.
Можно е , има повеќе кинески. Ако сакате штикли видете во кинеската во Скопјанка, стварно има избор, а не се скапи.
Девојки ако некоја од вас била во брзо време во Њу јоркер,нека ми каже ако случајно видела,дали ја има блузава ? Од новата колекција се,стигнати ли се кај нас? Или...кажете ми каде на друго место да најдам ваква ? Благодарам однапред.
Може да ми кажете каде точно има попусти на оние убавите мекани џемпери што се како прскани со ситни светки од оние суптилните кои не блештат на километар ?! Ги меркав пред извесно време низ Сити Мол и низ бутиците низ ГТЦ, ама ме интересира каде точно има попусти, да знам каде да барам. На вакво нешто отприлика мислам.
Баш ваков каков што бараш имаше во Манго песок боја 1500 ден на попуст ,е сега дали има останато незнам треба да си провериш.
Како последниот имаш во Калиоме мислам дека беа 799 или 899. Имаше и црн. Само не се тесни, широко стојат.
И како првиот имаш во Калиопе во Сити Галери, ама нова колекција им се и цената е 1500 ама џемперот е стварно преубав!
Ако знае некој да ми каже каде можам да најдам во Скопје кутија за поклон, знам дека има во Џамбо ама не сакам такви шарени туку еднобојна ми треба и цена ако знаете ? Ова големина ми треба ..
Каде во Скопје, можам да најдам најефтина варијанта на crop top, вакво црно пократко џемперче/блуза, може да е и со долги и со пократки ракави и розева беретка во овој стил (сликава е од Мана) ама таму нема повеќе.. Другарка има и ептен е мека и пријатна за носење, од внатрешната страна има ластик.
Девојко, јас од Miss Spice купувам вакви секогаш кога имам потреба. Имаш во подрумот во Веро Центарот, а исто и на самиот почеток на Трговскиот. Всушност тоа е бижутерија, ама располагаат и со кутии за подарок. Не знам само која големина ти треба, зошто ептен големи не продаваат.
Реално, не знам колку ќе ти ја собере книгата во нивната најголема кутија. Најубаво е и по некои цвеќарници да се распрашаш или книжари и они располагаат со вакви работи. Инаку имаш две продавници, една во Веро доле кај паркингот, а другата на почеток на трговскиот од кај Холидеј Ин идено.
Јас си го купив мојот од Калиопе за 700, на попуст тогаш, ама тоа беше уште лани, после тоа донесоа нови, во сива, црна и кафеава боја мислам, ама за цената не сум сигурна.Може и поскапи да беа затоа што беа нова колекција.На друго место не ги имам видено.
каде да најдам квалитетен мидер за трудници? прашав во соодветната тема ама нема одговор до сега...можеби некоја феминка овде знае