Sexybaby86 знам едно време дека бараше парка,ако си сеуште во потрага има во Бенетон во ГТЦ две со крзно и без ептен се убави. Жени кај можам да најдам ваква огрлица со бисери ама да нема ништо метално по неа ,немора истата форма ,може нешто слично ама да е по масивна (ама објаснив )
Ептен интересни масивни огрлици имаше на Битпазар, не на тезгите кај Бугарките него на крај во продавничките, баш вчера ги гледав. Голем избор имаше само не оригинал секако.
Каде да барам црни кожени јакни? Гледав во сити мол прескапи се и само во "новите колекции" стојат. Некој предлог? Фала.
tea4e aко можеш да си порачаш од алиекспрес, таму имаш голем избор на вакви и се мнооогу поевтини во споредба кај нас. Гледам и на фб по страни кај што продаваат накит имаше вакви, по 350 ги продаваа мислам.
Женски, знам дека прашањево не е за во оваа тема, ама ако може да ми кажете каде можам да купам карти за играње. Два шпила во комплет?
Би можела да најдеш во Базаро пример, мислам дека има и во кинеските продавници, продавници за играчки и слично..
Каде би можела да купам прерамки за градник, но да не се од тие обичните. Spoiler Ми требаат бидејќи имам еден фустан на кој горниот дел е како корсет, но бидејќи имам големи гради, морам да носам градник со прерамки.