Девојки, каде да најдам црни хеланки за вежбање? Ама не од оние најтенките што ги има секаде, туку малку да го затегаат телото. Ваљда ме сфативте за какви зборам. Во Nike, Adidas и сл. веројатно се скапи, па да не сте виделе на некое друго место? Е, нешто вакво:
Не знам колку е соодветна темава, но барам теписи/стази да купам. Може некој да ми каже каде има со убави дезени?
Kaде има вакво санфлауер чадорче, со пристојна цена што доликува за чадор, а не по 800 денари као што глеав не знам каде низ сити моли?
Хеланки како првите, со вселенски принт, видов вчера во Calliope, беа 400 денари. Слични си купи другарка пред неколку месеци од Певекс, но не знам дали се` уште има, беа 200-300 денари. За квалитет не знам да ти кажам, според цената не можеш многу да очекуваш, но овие на другаркава од Певекс се добри, ги носи веќе 3-4 месеци. Вакви ланчиња имам гледано кај Бугарките на Бит пазар, но не знам дали ја имаше оваа боја, треба да провериш. Знам дека имаше црни, бели, зелени, сини, шарени...
Чадорот што го користам неколку години го купив 800 ден.Не е малку за чадор,но битен е квалитетот,особена кога дува ветер.Подобро плати повеќе за да не треба да купуваш неколку и пак да ги потрошиш тие пари.Со оглед на тоа колку врнежливи денови има кај нас,верувај дека ќе ти биде исплатлива инвестиција
2риод вид на тренерки Spoiler (ако ти се нарачува) ги има скроз истите или на Алиекспрес или на ебај беа ,не сум сто посто сигурна.
Машки тексас елек ? Не мора да биде на попуст, но и таков не би бил на одмет. Само да биде минималистички, без некои боцки, нападни нитни и такви слични ситници. Најобичен машки тексас елек.
Циклама ташна многу убава и слична на оваа,само без тие напред лентичките видов случајно во бижутерија со многу убави работи во нас. Драчево,многу беше убава ташната ама незнам колку беше. . едит: Таму последен пат имам видено циклама ташна и убава,за во Центар и остатокот од градот незнам,зошто ретко забележувам ваква боја ташни.