хахааххаа, тоа со тркалцето е 100мл, затоа земав 2 а 1 е 140 денари, а тоа во големата тубичка (на големата слика) е 200мл и исто е 140 денари убаво мирисаат на лимон Ама сега кога сакав да видам како се вика да најдам слика на гугл да ви постирам ми тресна едното и се распука , се распрска капачето и масажерчето летна Така да си знаете, пазете, можда се квалитетни, ама кутијата не им е во СУПЕР Тинекс во Аеродром во огромна корпа се ставени АМА идете уште денес, да не ги снема
Ааааааааа сега урлав по телефони да одат да ми купат.Жива ќе се изедам ако не си купам 4-5!!! Инаку тоа со тркалцето врска нема,само трклацето му е интересно,демек ко масажер,тоа со гумата 200 мл е одлично.Од искуство кажувам.
не не.... кај американскиов колеџ кога идеш накај лисиче, кај што поминува 7ца нели има огромен тинекс! епа таму! едит- е лилит, ја се зезнав, 2 од тркалцето си земав, а 1 од 200мл, и сега мирисам исто мириса истото е, мене не ми беше до масажеров, зашто и така планирав со Релакс н тон да масирам Ајде може ќе си купам уште едно од 200мл, ама скришно, да не ме види мајка ми зашто од глава ќе ми го тресне, неделава 5 антицелулитни креми купив инаку сега зе намачкав ииии пецка работе работе ами как
Чекајте,сакате да кажете дека секое е 150 денари?!Убаво сфатив така?! Пффф...за 600 денари,4 ќе имам,а беше само едно 550.Ама изгледа им се со минат рок,тоа малце ме демотивира.
Лилитко 140 ден. а за рокот не ѕирнав..а не сум дома...еве лудото нека ѕирне и нека пише, ама не верувам да е изминат....а па и да е , за малце...големо чудо
Е кутиите ги фрлив, а на нив не пишува ништо! абре крај краева, не се јаде на газ се мачка! работеее бе, еве мене ми се затоплија нозеве, плус пецка е дами вие многу барате па кај ви ги даваат гарниер за 140 денари, утре мана наоѓате Абе жени, некој ке ви даде прст вие цела рака ја сакате
Ако стварно толку им се намалени да се јавам и јас да ми донесе братучетка ми, и така утре доаѓа. Ама ми се чини дека рокот им е изминат штом толку паднала цената
Па газдана на тинекс џанам Билката е мислите,толку евтино ќе ви дава креми или па и без пари.Што сте чудни...
Оф мори мајкоооо. Значи како ме зезнавте. Од сигурни извори, нема... а вие априлилилци сааамо ако ве фатам. Сеа газето со што ќе си го мачкам. ццц А таман се намерачив. Ништо. Не акајте џабе, нема. Знам Сатва ја фалеа па ќе одам после во Зегин да видам. :geek:
Па идете проверете, ќе знаете. Со думање на форумов дали има или не ништо не праите, мада и мене ми падна чудно, овие од Гарние се поскапи, кој го знае што е финтата. Како и да е, јас да ви кажам совет, смотана, ко што сум си јас некогаш, ролам со ова ролам ролам, и кога се потштипнав (бидејќи масажерчето се подзасушило веќе, а јас заборавив да го превртам за да потече од анти-целу течноста, гелчето, што и да е) абе крастиче си направив на задников Така да внимателно со продуктов а богами и со вашите газиња!
Де бе па и вие...ееееееееј...да се нашалиме малку.... да протрчате по тинексите ни беше целта...и тоа беше и финтата, малце физичка активност, од маркет до маркет, и не за 140...без пари еден третман Ај не се љутете сеа...како викате...секој ден треба да е празник на жената, не само 8-ми март... така и за шеги...секој ден шеги треба да се прават, не само на први април