Убаво ти кажале дека во Ламас има вакви, ама се премногу скапи. Јас последно пред пола година кога купував фустан од Ламас онака од радозналост ги погледнав ваквите со циркони, ама цените им се накај 20-30.000 денари ако добро ме држи меморијата.
не ми е битна цената.. сакам само да пробам како би ми изгледале,па ако ми се свиѓа да си сошијам такво сигурно не би дала толку пари за фустан .. а мене не ми изгледаат кичесто или смешно,секој со својот вкус и стил
Каде да најдам некои подебели хеланки, од поцврст материјал(како фармерки)?Гледав едни во страдивариус но беа над 1500 ден. а за хеланки не ми се даваат толку.
Повторно ќе прашам... Блузичка со голи рамена или со подлабоко извртено округло деколте.. ?? Некаде? Благодарам
Девојки да не сте виделе вакви исти или слични патики низ Скопје..сите што ги најдов им се познава штиклата однадвор, значи ми требаат да има штикла ама да не се познава
Каде да купам ? Освен во ДМ зашто таму сите до едно се користени. Дали ги има на друго место производиве на Есенс?
Од каде да најдам убави месо боја хулахопки,што нема да светкаат многу? Само не од Сара фешн,пенти-менти Од Ползела како се,колку се движат цениве?
Можам да ти препорачам добри мат месо боја хулахопки. На Санда се, Петра се викаат и се 100 денари. Од истите има и со сјај, ама премногу се сјајни, јас никогаш не би ги купила, а камоли облекла. Моја препорака ти се матот, подобра мат тенка хулахопка за таа цена нема. Квалитетни се, имаат и ликра и убаво се припиени за нога, не се шират Јас ги земам од локална продавничка во Бисер, ама сигурно ги има секаде каде што продаваат чорапи на Санда. Едит: На Ползела се прилично поскапи, околу 400 денари, а инаку одличен квалитет се
^ Мене ми треба малку барем да имаат сјај,пошто за свадба ми се,ајде ќе погледнам утре низ санда во гтц да видам што има.Фала